1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИран

Апсења во Иран по убиството на Ханија

Тагесшау | ЕМФ
3 август 2024

По смртта на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, според „Њујорк Тајмс“, во Иран биле уапсени повеќе од 24 лица, вклучително и тајни агенти. Според информации на Телеграф, нападот го извршил Мосад со помош на двајца Иранци.

Исмаил Ханија погребна поворка
Исмаил Ханија беше убиен во Техеран, каде присуствуваше на инаугурацијата на новиот ирански претседателФотографија: Majid Saeedi/Getty Images

Повеќе од 24 лица се уапсени во Иран по смртоносниот напад врз политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, пренесува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на двајца Иранци запознаени со истрагата. Меѓу уапсените, како што се вели, има високи по ранг разузнавачи, воени службеници и вработени во армиска гостинска куќа во Техеран, каде Ханија беше убиен во бомбашки напад во средата вечерта (31.07).

Апсењата на високо ниво се одговор на големото и срамно нарушување на безбедноста што го овозможи убиството на Ханија, ги цитира американскиот весник своите доушници. Иран и милитантната исламистичка терористичка организација Хамас го обвинуваат Израел за убиство на Ханија и се закануваат со одмазда. Израел сѐ уште официјално не го коментираше нападот. Политичкиот лидер на Хамасбеше во Техеран по повод положувањето заклетва на новиот ирански претседател Масуд Пезешкијан и беше сместен во добро обезбедена гостинска куќа на иранската влада во северниот дел на главниот град.

Иранскиот ајатолах Хамнеи на комеморацијата за Ханија во Техеран, 1.08.2024Фотографија: irna.ir

Мосад веројатно ангажирал ирански агенти

Како што објави британскиот дневен весник „Телеграф“, повикувајќи се на двајца ирански функционери, израелската тајна служба Мосад е одговорна за смртоносниот напад врз Ханија. Мосад придобил двајца ирански безбедносни агенти за таа цел. Првичниот план бил убиство на Ханија во мај, кога тој присуствуваше на погребот на поранешниот ирански претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа. Поради големата гужва и големата веројатност за неуспех, проектот бил прекинат, се вели во текстот. Наместо тоа, двајцата агенти на Мосад добиле задача да подметнат експлозив во три соби од гостинската куќа на Револуционерните гарди - елитните воени сили на Иран. На снимката од надзорните камери се гледа како агентите влегуваат и излегуваат од неколку соби за неколку минути, велат двајцата ирански функционери за весникот.

Се вели дека бомбата била активирана од странство

Се вели дека агентите потоа побегнале во странство, но биле во контакт со локален извор. Во средата, во 2 часот по полноќ, тие го активирале експлозивот од странство, со далечинско детонирање во просторијата каде што престојувал Ханија.

„Њујорк тајмс“ и „Волстрит журнал“, повикувајќи се на доушници, исто така објавија дека Ханија била убиен од бомба. Експлозивната направа била поставена во гостинската куќа два месеца пред патувањето на Ханија во Техеран, пишува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на седум официјални лица од регионот на Блискиот Исток, меѓу кои и двајца Иранци и претставник на американската влада.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми