1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Медиуми: Ники Хејли ќе се откаже од трката со Трамп

ЕМФ | афп
6 март 2024

Поранешната гувернерка и поранешна амбасадорка во ОН, Ники Хејли, се откажува од трката за номинација за претседател на САД од Републиканската партија, објавија американски медиуми.

Ники Хејли
Ники Хејли го фрла пешкирот?Фотографија: Joseph Prezioso/AFP/Getty Images

Ники Хејли, според повеќе американски медиуми, ќе се откаже од трката за кандидатура од Републиканската партија. Хејли на т.н. „Супер вторник“ доживеа нов јасен пораз од поранешниот претседател Доналд Трамп. Таа е единствениот преостанат партиски ривал на Трамп.

Кандидатот на Републиканците кој ќе влезе во дуел со демократот Џо Бајден на претседателските избори во САД во ноември ќе биде официјално номиниран на конференција на партијата во јули.

На „Супер вторникот“, Трамп победи во 14 од 15 американски сојузни држави во кои Републиканците одржаа прелиминарни избори. Хејли победи само во Вермонт. Во досегашниот тек од прелиминарните избори во Републиканската партија, Хејли има и победа во Вашингтон.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми