1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Медиуми: Убиецот на Џорџ Флојд, Дерек Шовин, избоден со нож

Весли Докери
25 ноември 2023

Дерек Шовин наводно бил тешко повреден од прободување со нож во федералниот затвор во Аризона. Шовин беше осуден за убиство на Џорџ Флојд во 2020 година, што доведе до повици за расна правда во САД.

Дерек Шовин
Дерек Шовин е осуден на над 20 години затвор за убиство на Џорџ ФлојдФотографија: AP

Дерек Шовин, поранешен полицаец осуден за убиството на Џорџ Флојд, бил избоден со нож во затвор, објавија денеска (25.11) новинската агенција Асошиетед прес и Њујорк Тајмс.

Нападот, како што се вели, се случил во петокот попладне по локално време, во Федералната поправна установа Тускон, затвор со средна големина, во кој имало безбедносни пропусти во последната година.

Канцеларијата за затвори потврди дека едно затворено лице, кое не го именува, било нападнато во федералниот затвор во Тускон околу 12:30 часот по локално време. Од таму се додава дека вработените кои реагирале го запреле ширењето на инцидентот и извршиле „мерки за спасување на животот“ пред затвореникот да биде однесен во болница. Нема повредени вработени, а посетите во објектот, во кој има околу 380 затвореници, се прекинати.

Членот на тимот на одбраната на Шовин, Грег Ериксон, рече дека нема сознанија за таков инцидент. Шовин, иако сериозно повреден, го преживеал нападот, се вели во извештај на „Њујорк Тајмс“.

Шовин уби црн невооружен маж во мај 2020 година

Шовин беше прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, невооружен маж со темна боја на кожата, откако во мај 2020 година клекнал на неговиот врат повеќе од девет минути.

Шовин отслужува 21-годишна затворска казна за кршење на граѓанските права на Флојд, како и истовремена казна од 22,5 години за убиство.

Флојд имаше 46 години кога умре, откако претходно од полицијата беше соочен со сомнение дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари за да купи цигари во продавница во Минеаполис.

На видео снимката што ја долови сцената, Шовин го става своето колено на вратот на Флојд. На снимката се слуша како Флојд повеќе од 20 пати вели дека не може да дише.

Смртта на Флојд предизвика бес и протести против полициското насилство и дискриминација низ САД и во светот.

Во 2021 година, Шовин беше осуден за убиство. Минатата недела Врховниот суд на САД ја отфрли жалбата на Шовин за неговата пресуда за убиство.

Солидарност со револтот во САД

01:27

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми