1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Слобода на медиумитеГерманија

Медиумската конференција на ДВ сака да ги надмине поделбите

Матијас фон Хајн
19 јуни 2023

Пандемии, климатски промени, недостиг од ресурси, војни. Човештвото е исправено пред огромни предизвици, но и многу поделено. 16-тиот Глобален медиумски форум на ДВ сака да гради мостови.

ГМФ Бон Германија
Пленарниот собир на Глобал медиа форум во Бон во 2022 годинаФотографија: Ronka Oberhammer/DW

„Да се надминат поделбите” е мотото на овогодинешниот Глобален медиумски форум (ГМФ) на Дојче веле. Очекувањата од медиумската конференција во Бон се големи - конечно, се чини дека меѓу нашиот свет и нашата перцепција има сѐ поголем јаз.

Дебатите се водат многу поконтроверзно, особено на социјалните медиуми. Поделбите се забележуваат на ниво на едно општество, но и интернационално. Поимите стануваат сѐ повоинствени, од „борба на културите” до „борба на системите”. Завојуваните страни се обидуваат со помош на лажни информации да ја добијат војната на наративите. Во таква ситуација медиумите со нивната моќ имаат посебна одговорност, смета интендантот на ДВ, Петер Лимбург. „Лажни информации, теории на заговор и популизам се големи предизвици за браншата. Постојано да прават критички осврт за сопствените постапки, за новинарите е можеби поважно од било кога”, рече тој.

Токму таков осврт да се овозможи на меѓународно ниво, за Лимбург е задача на ГМФ. „Тука може да има меѓусебна размена на искуства и перспективи и да се учи од неа, но и да се утврди дека човек не е сам со отворените прашања и грижи и дека и други се чувствуваат слично”, посочи Лимбург.

Генералниот директор на ДВ, Петер Лимбург во ГМФ гледа платформа за размена и рефлексииФотографија: R.Oberhammer/DW

Отворање со емоционален момент

Преку 2 илјади учесници од повеќе од 120 земји сакаат ГМФ да го користат како платформа за таквата размена. ГМФ на Дојче веле сега веќе е етаблирана како најголема медиумска конференција во Германија. Годинава се одржува по 16-ти пат. 

Верица Спасовска вели дека очекува „емоционален момент” уште на отворањето на форумот (денеска, 19 јуни) кога ќе настапува хорот Волни. „Во Белорусија хористите настапија со скриени ликови како своевиден ‘флешмоб’”, раскажува Спасовка, која е одговорна во куќата за ГМФ и додава дека „тие тоа го прават во знак на протест против автократската влада во Белорусија. Членовите на хорот сега веќе живеат во Полска, затоа што во татковината се прогонувани и стравуваат дека и семејствата ќе може да трпат последици поради нив”. 

Истражувачкиот новинар Оскар Мартинез од Ел Салвадор е добитник на наградата „Слобода на говорот”Фотографија: Alba Amaya/DW

На форумот учествуваат познати воени репортери, како и фотографот Рон Хавив. Политичари, како министерката Аналена Бербок ќе се вклучат преку видео повик. Истражувачкиот новинар Оскар Мартинез доаѓа од Ел Салвадор за да ја прими наградата „Слобода на говорот”. А, во првиот ред е и активистката за мир и женски права од Либерија, Лејман Гбови, која е добитник на Нобеловата награда. 

Да се дојде до разговор

Околу 140 звучни говорници се најавија за форумот, меѓу кои и рускиот новинар Димитри Муратов, кој е носител на Нобеловата награда за мир, што ја доби во 2021 година. „Мислам дека ќе биде многу интересно, затоа што тој е голем критичар на автократниот режим”, задоволно раскажува организаторката Спасовска. „Љубопитна сум што ќе рече за состојбите во општеството во Русија и тамошните медиуми”, додава таа. 

Во социјалните медиуми имаше и поединечни реакции од Украинци за Муратов, што за Спасовска е индикатор колку е заострено расположението. „Минатата година имавме руски и украински новинари во заеднички панел”, се потсетува шефицата на ГМФ.

На ГМФ доаѓа и рускиот новинар Димитри Муратов, носител на Нобеловата награда за мир во 2021 година, која ја донираше за УкраинаФотографија: Eduardo Munoz Alvarez/dpa/FR171643 AP/picture alliance

Во втората година од војната на Русија против Украина, Лимбург жали што „гледаме дека Украинците веќе не сакаат да разговараат со Русите и обратно”. Тоа го има и во други делови од светот, каде што има конфликти, утврдил интендантот на ДВ и тука ја гледа посебната улога на ГМФ. „Форумот е место каде во минатото секогаш успеваше да се надмине јазот и да се дојде до дијалог. Тоа си го посакувам и од годинешната конференција. Дијалогот е шансата за мир".

Повратните реакции од изминатите конференции во Бон ја потврдија таквата улога на ГМФ, вели Спасовска. За посетителите тоа е еден вид неутрална почва. „Тука се среќаваат луѓе кои дома не би ги сретнал, затоа што доаѓаат од противничка или непријателска земја”, вели таа.

Работилници за практична примена 

ГМФ се залага за работилници кои се блиски до праксата. Може да се научи како се верификуваат слики и видеа од интернет, каков треба да биде квалитетот на звукот на подкаст, како репортерите може да си го заштитат душевното здравје ако при истражувањата наидат на материјал што ги вознемирува. И ГМФ не може да го заобиколи ЧетГПТ и односот спрема вештачка интелигенција. Интересно ќе биде и на натпреварувањето во кое повеќе од 90 стартапи од сите кинтиненти приложија иновативни идеи за медиумските професии. Тројца финалисти доаѓаат во Бон: Саша Иванова, основач на ШарпШарк која работи на заштита на интелектуалната сопственост, Габриел Карсан од Танзанија, чија платформа Сема овозможува вмрежување на гринфилд организации, како и анкети во реално време и Нумерал Дака од Замбија, чијшто проект Комјунити Смарт Медија со вештачка интелегенција се бори против лажните информации. Победникот ќе се знае денеска, 19 јуни.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми