1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

САД: ФБИ истражува хакерски напади во предизборната кампања

АРД
13 август 2024

Тимот на изборната кампања на Доналд Трамп бил цел на хакерски напад, а очигледно се погодени и Демократите. Федералната полиција ФБИ почна истрага, а според медиумските извештаи, се чини дека зад нападите стои Иран.

ФБИ централата во Вашингтон
ФБИ истражува хакерски напади во предизборната кампања на САДФотографија: Liu Jie/Xinhua /picture alliance

ФБИ истражува околу можен хакерски пристап до интерните комуникации на изборниот тим на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Федералната полиција на САД го потврди ова откако неколку медиуми објавија вакви извештаи.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на луѓе запознаени со ситуацијата, објави дека агенцијата ФБИ истражува и  можен хакерски напад  врз предизборниот тим на демократскиот противник. Се истражува наводен напад врз советник на предизборната кампања на американскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис. ФБИ ја започнал истрагата во јуни, кога Бајден сè уште се кандидираше за претседател. „Вашингтон пост" објави дека ФБИ се сомнева дека зад хакерските напади стои Иран.

Американските медиуми добиле е-пошта со интерни информации

Информативниот портал „Политико" прв објави за  хакерските напади.  Портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг, зборуваше за хакирање откако онлајн порталот примил неколку мејлови од испраќач по име „Роберт“ кои содржеле интерни комуникации од тимот на изборната кампања. „Вашингтон пост“ наведе дека бил контактиран на сличен начин, а се тврди дека и „Њујорк тајмс“ ги примил мејловите.

Постои сомневање дека нарачател на хакерските напади во САД е ИранФотографија: Dominic Lipinski/PA/dpa/picture alliance

На американските медиуми им било испратено интерното досие на вице кандидатот на Трамп, Џеј Ди Венс, на 271 страница. Во предизборната кампања во САД, ваквите досиеја служат, меѓу другото, за подобро подготвување за политички напади од спротивната страна.

Дали Иран стои зад нападите?

Според „Политико", тимот на Трамп првично ги обвинил „странските актери непријателски настроени кон САД“ за  сајбер нападот и во овој контекст ја навел анализата на заканите подготвена од Центарот за анализа на закани на Мајкрософт, кој, меѓу другото, се занимава со наводното иранско мешање во изборна кампања во САД. Во извештајот се наведува дека група поврзана со Иранската револуционерна гарда извршила упад во профилот на поранешен висок член на кампањата и притоа користела испраќање т.н фишинг (Spear-Phishing) е-пошта.  Фишинг означува кражба на лични податоци  со помош на фалсификувани веб страници, кратки пораки или електронска пошта. Ваквите фишинг е-пораки содржат манипулирани прилози или линкови на датотеки кои, кога ќе се кликнат, инсталираат шпионски програми на вашиот компјутер или ве упатуваат на лажни веб-локации на познати компании. Фишинг електронските пораки  честопати вклучуваат голем напор и се приспособени на многу специфичен примач - на пример, одредени луѓе или групи во една компанија.

Мајкрософт не идентификува конкретни лица или страни во извештајот. „Вашингтон пост“ наведува и дека не е јасно дали актерите зад сајбер нападите биле и испраќачите на мејловите до американските новинари. Тимот на Трамп, исто така, не испратил директен доказ за хакирање на ирански актери до „Политико". Сепак, републиканскиот пратеник Мајкл Валц од Флорида, лојален поддржувач на Трамп, изјави за Фокс њуз: „Познато ни е од разузнавачките служби дека Иран не сака да се врати Трамп. Зошто? Затоа што тој ги натера на преземање одговорност!"

Самиот Трамп се обиде да го реинтерпретира нападот. На својата социјална мрежа Truth Social, тој објасни дека Иран се осмелува да направи вакво нешто само затоа што сегашната американска влада е многу слаба. Тој, од друга страна, ќе го направи светот подобро и побезбедно место.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми