1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалРусија

Медведев: Апсењето на Путин би било „објава на војна“

СН/агенции
23 март 2023

Поранешниот руски претседател Медведев ја заостри реториката за налогот за апсење на Меѓународниот кривичен суд за актуелниот шеф на Кремљ. Тој , претходно, му се закануваше на судот во Хаг и со хиперсонична ракета.

Дмитри Медведев предупредува од апсење во странство на рускиот претседател Владимир Путин
Дмитри Медведев предупредува од апсење во странство на рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: Alexei Maishev/TASS/IMAGO

Апсењето на рускиот претседател Владимир Путин врз основа на потерницата издадена во минатата недела од Меѓународниот кривичен суд (МКС) би претставувало „објавување војна“ против Москва, предупреди друг член на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

Во интервју за водечките руски медиуми, Медведев рече дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг, кој Москва не го признава, е правно ништовен суд и меѓународно правно немоќен и дека не направил ништо значајно од неговото создавање.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг, ХоландијаФотографија: Florian Görner/DW

Според неговото мислење, судските одлуки, како што е последната за апсењето на Путин, создаваат огромен негативен потенцијал.

„Да замислиме дека шефот на држава на нуклеарна сила оди, на пример, во Германија и е уапсен. Што е тоа? Објавување војна против Русија“, изјави синоќа рускиот функционер.

Ако тоа се случи, тогаш „сите наши капацитети, ракети и така натаму, ќе паднат врз Бундестагот, канцеларскиот кабинет и така натаму“, додаде Медведев.

На 17 март МКС издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, поради основано сомнение за извршени воени злосторстваза време на војната во Украина, вклучително и нелегална депортација на деца од Украина во Русија.

Обвинет за воени злосторства во Украина: рускиот претседател Владимир ПутинФотографија: The Kremlin Moscow/SvenSimon/picture alliance

Руското правосудство отвори истрага против главниот обвинител на МКС, Карим Кан, како реакција на налогот за апсење против Путин во понеделникот. Според пишувањата на холандските медиуми, поранешниот руски претседател Медведев претходно говореше и за напад врз судот во Хаг, Холандија, со хиперсонична ракета како одмазда при евентуално апсење на Путин.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми