1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Олаф Шолц – повеќе невидлив робот отколку каубој

Сабине Кинкарц
14 јули 2023

Во Берлин официјално почнува летната пауза во политичкиот живот. Но зад кулисите и натаму владее немир. Владејачката коалиција е поделена, а тоа на бирачите не им се допаѓа.

Олаф Шолц
Германскиот канцелар Олаф Шолц во БундестаготФотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Во септември пред две години беше избран Бундестагот и сега за германската влада заврши првото полувреме. Моменталниот биланс на коалицијата од СПД, Зелените и ФДП не е баш ласкав. Тројца од четворица Германци се делумно или целосно незадоволни од работата на владата.

Уште од есента 2022 година, коалицијата, според анкетите, на нови избори не би имала мнозинство. СПД, од чии редови доаѓа канцеларот, во анкетите е на трето место, зад ЦДУ/ЦСУ и десничарската АфД. Поддршката за Зелените последен пат беше толку ниска пред пет години, а најмалиот коалициски партнер ФДП, загуби една третина поддршка во однос на денот на изборите за Бундестагот.

Како Шолц ја гледа иднината

Тоа како да не го импресионираше многу канцеларот. „АфД нема да има многу подобар резултат отколку на последните избори и оваа влада ќе добие нов мандат“, изјави лаконски во интервју за АРД за изборите за Бундестагот кои ќе бидат одржани во 2025 година.

Десничарите ги окарактаризира како „партија на лошо расположение“ чиј раст на популарноста почива на кризите. „Климатската криза се заострува, војната се врати во Европа, глобалната рамнотжа се менува. Тие предизвици владата ги прифаќа и големите промени ќе завршат добро за нас, а лошо за АфД, зашто ќе остане без основа за својата работа“, изјави тој во март во Бундестагот. 

Шолц кој сѐ знае најдобро

Шолц е обдарен со непоколеблива самодоверба. Само да се оди натаму и никогаш да не постои сомнеж во себе – тоа е мотото кое ја краси политиката на овој 65-годишен политичар повеќе од три децении. Често се однесува како тој да знае сѐ најдобро – а посебно кога му се поставуваат прашања. Изгледа како да е убеден дека неговата политика е логична и со самото тоа и исправна. Ако некој не ја разбира или има забелешки, знае да проговори од висина. „Госпоѓо претседавач, кога навистина би се потрудил да ја побијам целата набројана листа на неточни тврдења, не би го постигнал тоа за кратко време“, одговори пред одење на летна пауза на едно од пратеничките прашања.

Во СПД тоа го нарекуваат суверено однесување, но за други тоа граничи со вообразеност и ароганција. Шолц умее совршено да се постави така што прашањата едноставно се одбиваат од него, а често одговара компликувано, неконкретно и разводнето.Неговиот тон е секогаш мирен и монотон, а јазикот често му звучи некако роботизирано. Поради тоа порано го нарекувале „Шолцомат“.

Тој умее и поинаку, како што велат пратениците од СПД – кога аргументира пред нив, интерно, тогаш тоа го прави нешто пострасно. Но за жал, само интерно, велат некои од неговата партија. 

Тенкови наместо ветерници

Шолц ни во коалицијата не дозволува нешто да го исфрли од такт. Коалицијата во почетокот ветуваше „успех и напредок“, најавувајќи дека брзо и ефикасно ќе пристапи кон главните проекти на планот на заштита на климата, дигитализацијата и економската трансформација.

Нападот на Русија врз Украина, кој донесе „нова ера“, ги промени приоритетите. Наместо да гради 400.000 станови годишно и пет ветерни електрани на ден, владата издвои 100 милијарди евра за Бундесверот и натамошни милијарди потроши за да најде алтернативи за рускиот гас и финансиски да ги растовари граѓаните.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, министерот за економија и заштита на климата Роберт Хабек (Зелени) и министерот за финансии Кристијан Линднер (ФДП) - тешко заедништвоФотографија: Odd Andersen/AFP/Getty Images

„Шолцување“

Германија во 2022 година само од Украина прифати повеќе од еден милион бегалци. Таа земја, во координација со САД и ЕУ, доби поддршка и во вид на оружје Канцеларот на почетокот се колебаше, што многумина му замерија. Британскиот историчар Гартон Еш тоа постапување го нарече „шолцување“, што би значело: покажување добри намери, а потоа измислување на сите можни причини за одолговлекување и нивно неспроведување.

Ретко која германска влада била соочена со толку многу големи проблеми како сега. Оваа коалиција првата година на власт ја помина во запрепастувачка слога. Но, потоа партиско политичките ривалитети почнаа да ја нагризуваат. Има премногу работи во кои мислењата им се разијдуваат. СПД и Зелените по своите основи се левичарски партии – тие застапуваат држава која регулира и ги поддржува социјално слабите граѓани. Стопански либералната ФДП сака што помало мешање на државата и пропагира одговорност на поединецот.

Што е поголем притисокот поради поразите на покраинските избори и колку рејтингот во анкетите е послаб, толку одделните партии ќе мора подобро да се профилираат и да станат видливи. Зелените, кога е во прашање заштита на климата и животната средина, не сакаат да прават компромиси, а ФДП секогаш најмногу сметка водеше за потребите на стопанството и пазарот. Тоа води во спор, а тој ја блокира работата на коалицијата.

Канцелар, а не каубој

Било да станува збор за планираната реформа на системите за греење, која значи забрана на нафта и гас, или за буџетските заштеди, или за финансиската помош за семејствата со деца – во коалицијата се водат спорови. ФДП инсистира на своето барање од 2024 година да не смее да има нови долгови. А тоа треба да се постигне со големи буџетски резови – воведување данок за богаташите за Либералите не доаѓа предвид.

Канцеларот во такви кавги обично останува невидлив – и затоа го критикуваат од сите страни.

Но, Шолц останува Шолц. Тој не е Џон Вејн, рече во едно интервју за АРД. Џон Вејн можеби е „стандарден модел за кој некои сметаат дека е супер“ кога станува збор за политичко водство. Но, работите не функционираат на тој начин, рече канцеларот.

„Ова е семејство со три партии и повеќе од 80 милиони граѓани, во кое секој има мислење за сите теми кои се однесуваат на нашата иднина“, рече тој и додаде дека авторитарен татко не би бил решение за модерно семејство. 

 

Сабине Кинкарц новинарка на ДВ
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми