1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Меккарти избран за спикер на Претставничкиот дом

ЖА / агенции
7 јануари 2023

По беспоштедна борба за превласт, републиканецот Кевин Меккарти е избран за нов претседател на Претставничкиот дом во САД – дури во петнаесеттиот обид.

USA Sprecherwahl im Repräsentantenhaus l McCarthy gewählt
Фотографија: Evelyn Hockstein/REUTERS

По жестоката интерна партиска борба за превласт, републиканецот Кевин Меккарти стана нов претседател на Претставничкиот дом на САД. 57-годишниот политичар беше избран на функцијата во 15-та рунда гласање со 216 гласови во своја полза и 212 против.

На овој начин сојузникот на поранешниот претседател Доналд Трамп станува моќен политички соперник на демократскиот претседателЏозеф Бајден. Меккарти стапува на функцијата која е трета во државниот ранг по американскиот претседател и неговиот потпретседател, наследувајќи ја својата претходничка, демократката Ненси Пелоси.

По изборот на спикер на Претставничкиот дом, се овозможува натамошниот тек на процедурата – полагање заклетва наконгресмените, формирање комисии и започнување законодавни процедури. 

Во петокот Меккарти не успеа да добие мнозинство за избор ни во 12 и 13 гласање, иако неговата партија има мнозинство во Претставничкиот дом, а во 14 обид му недостигаше само уште еден глас. Во тој момент Меккарти влезе во пленарната сала и се упати кон групата неистомисленици и екстремно десничарски поддржувачи на бившиот претседател Доналд Трамп со намера да разговара со нив, при што дојде до не многу пријатни сцени. Се закануваше и физичка пресметка на Мајк Роџерс со конгресменот Мет Гец, еден од најголемите бунтовници меѓу Републиканците, пред да биде смирен од колегите.

Дојде речиси и до тепачки во Претставничкиот дом при изборот на Меккарти - конгресмените Хадсон и РоџерсФотографија: Andrew Harnik/AP/picture-alliance

Меккарти со денови беше конфронтиран со одлучниот отпор на дваесетина ултраконзервативни републиканци, кои сочинуваат помалку од десет проценти од пратеничката група. Со оглед на тесното мнозинство, Меккарти мораше да обедини различни крила, па дури да прави драстични отстапки кон најекстремните членови на републиканците во Претставничкиот дом, за да биде избран.

„Се надевам дека едно стана јасно по оваа недела: јас никогаш не се откажувам. И нема да се откажам од американскиот народ“, изјави Мекарти откако беше избран.

Изборниот маратон во Претставничкиот дом претставува бламажа од историски димензии за опозиционите републиканци, кои по меѓуизборите во ноемвриосвоија мнозинство во конгресниот дом. Последен пат подолга постапка за избор на спикер е забележана во времето по американската граѓанска војна, во 1856 година конгресмените гласале дури 133 пати.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми