1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Менструалната хигиена и македонските тоалети

01:41

This browser does not support the video element.

Арбнора Мемети
28 мај 2024

Обезбедувањето пристап до менструални производи во јавните и приватните тоалети во Македонија е оставено на слободната волја. На денешниот 28 мај, кој е Ден на менструалната хигиена, една културна установа „го крши мразот“ и сака да обезбеди пристап до бесплатни менструални производи во своите тоалети - Младински Културен Центар (МКЦ) во Скопје.

Бесплатни менструални производи во тоалетите се реткост во Македонија. Младинскиот културен центар е првата културна установа која ќе го скрши мразот.

Јана Коцевска, извршна директорка на непрофитната организација Тииит!Инк, објаснува:

„Самата положба на центарот е на место каде што нема многу продавници и потребно е тука да ставиме диспанзери за менструални производи. Девојките кои се на некој концерт или филмска проекција, кога имаат потреба од менструални производи, ќе можат да ги земат во тоалетите на МКЦ.“

Последните истражувања на истражувачката организација Реактор покажуваат дека една од пет жени барем еднаш во животот немала пристап до менструални производи.

Освен намалувањето на даноците од 18 на 5 отсто за менструални производи, институциите не покажаа интерес за друг чекор:

Теодора Милеска од неформалната иницијатива „Период“ Скопје вели:

„Пристапот до бесплатни и достапни менструални производи е голем чекор во борбата против менструалната сиромаштија. Сиромаштијата никогаш не е индивидуален проблем, туку ни треба структурно решение кое ќе ги опфати сите овие работи: пристап до бесплатни менструални производи, едукација и родова сензитивна инфраструктура со соодветни тоалети за одржување на менструалната хигиена.“

Поставувањето на диспанзерите во МКЦ е направено во рамките на проектот „Нашите тела не се табу“, а организирано по повод 28 мај, Меѓународниот ден на менструална хигиена.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми