1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мерц ги поддржува амбициите на Западен Балкан за ЕУ-членство

ЕМФ / ртр
23 октомври 2025

Добредојдени сте како членки на ЕУ, но не нудиме никакви попусти, им рече германскиот канцелар Мерц на лидерите од Западен Балкан на самитот на Берлинскиот процес во Лондон. Тој испрати посебна порака до Србија и Косово.

Тројца мажи во костуми (Кир Стармер, Фридрих Мерц и Милојко Спајиќ) седат на маса на која има лого „Самит за Западен Балкан, Лондон 20025“
Германскиот канцелар Фридри Мерц (л.) на самитот за Западен Балкан во Лондон со порака дека од секоја земја зависи како ќе напредува во евроинтеграциитеФотографија: Chris J Ratcliffe/AFP/dpa/picture alliance

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го поддржува ЕУ-курсот на земјите од Западен Балкан. „Би сакал уште еднаш да нагласам: Овие земји, кои ги нарекуваме земји од Западен Балкан, ни припаѓаат“, рече тој вчера (22.10) по самитот во рамките на таканаречениот Берлински процес што се одржа во Лондон. Тој на претставниците на шесте држави им рече дека се добредојдени како членки на ЕУ. „Меѓусебно се третираме како рамноправни партнери, а тоа не е мал подвиг во овој регион, кој сè уште е прогонуван од сенката на минатото и каде што сè уште постои националистичка, раздорна реторика“.

Германскиот канцелар ги повика посебно Србија и Косово да ги надминат своите разлики. „Време е овие две земји целосно да ги спроведат обврските што ги презедоа“, рече тој. Мерц нагласи дека од секоја земја зависи дали и кога може да се приклучи на ЕУ. „Реформите во овие земји се клучот за тоа. Како Европска Унија, ние тука не можеме и нема да понудиме никакви попусти.“

Западниот Балкан ѝ припаѓа на ЕУ, тврди германскиот канцелар Мерц (фото: учесниците на самитот за Западен Балкан во Лондон)Фотографија: Chris J Ratcliffe/AFP/dpa/picture alliance

Следната конференција, која исто така ќе служи за промовирање на соработката меѓу земјите од Западен Балкан, треба да се одржи во Црна Гора следната година.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми