1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мерц: Кина треба да влијае врз Русија

ЕМФ / дпа
25 февруари 2026

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја повикува Кина да влијае врз Русија за прекин на војната во Украина, додека Пекинг повикува на преговори без директна критика кон Москва.

Кина Пекинг 2026 | Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше примен од претседателот Ши Џинпинг
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и кинескиот претседател Ши ЏинпингФотографија: Michael Kappeler/dpa/picture alliance

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика кинеското раководство да го искористи својот влијание врз Русија за да се стави крај на руската агресорска војна против Украина.

Сигналите од Кина во Москва се сфаќаат многу сериозно, изјави тој во Пекинг по разговорите со кинескиот претседател Ши Џинпинг и премиерот Ли Кијанг. „Тоа важи и за зборовите, но и за делата. Сакам изречно да го поздравам кинеското залагање за мир во регионот, што денес го слушнав.“

Според информации од кинеската влада, Ши на средбата со Мерц се изјаснил за преговори со цел да се дојде до решение, но повторно се откажал од директно припишување вина на Русија и рекол дека сите страни мора да бидат рамноправно вклучени и треба да бидат земени предвид нивните оправдани барања.

Кина се смета за најважен сојузник на Русија. На владата во Пекинг ѝ се префрла дека го поддржува рускиот претседател Владимир Путин преку купување нафта и трансфер на технологии.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми