1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаРусија

Мерцедес-Бенц целосно се повлекува од рускиот пазар

СН/агенции
26 октомври 2022

Германскиот производител на автомобили им се придружува на други светски автомобилски концерни , како Рено и Нисан, кои комплетно го напуштија пазарот во Русија, поради нејзината инвазија врз Украина.

Мерцедес-Бенц во март годинава ги прекина производството и директната продажба на возила во Русија, а сега целосно се повлекува од рускиот пазар
Мерцедес-Бенц во март годинава ги прекина производството и директната продажба на возила во Русија, а сега целосно се повлекува од рускиот пазарФотографија: Vladimir Gerdo/TASS/Imago Images

Германската компанија Мерцедес-Бенц денеска соопшти дека ќе ги продаде акциите во своите подружници за индустриски и финансиски услуги со околу 1000 вработени на локален инвеститор.

Финансискиот директор на компанијата Харалд Вилхелм додаде дека тоа нема да има никакви дополнителни финансиски последици. Во првата половина од годината, прекинот на рускиот бизнис на концернот како реакција на војната во Украина и придружните санкции на ЕУ доведоа до трошоци од 700 милиони евра за Мерцедес-Бенц. 

Со ваквиот чекор се придружува на низа производители на автомобили кои ја напуштаат Русија.

Руското Министерството за индустрија и трговија соопшти дека фирмата Мерцедес-Бенц својот имот во Русија ќе го предаде на рускиот инвеститор Автодом.

Западни компании се враќаат во Русија?

01:20

This browser does not support the video element.

Во соопштението на министерството е наведено оти со Мерцедес-Бенц е потпишан договор за пренос на целокупниот имот на компанијата во Русија на Автодом. Мерцедес ги запре производството и директната продажбата на автомобили во Русија во март.

Според податоците на Европското деловно здружение со седиште во Русија, продажбата на автомобилите на Мерцедес-Бенц во земјата во септември е намалена за 72,8 отсто во однос на истиот период минатата година.

Во Русија претходно имотите на францускиот автомобилски концерн Рено и на јапонскиот Нисан беа продадени на руско државно претпријатие. 

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми