1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

#MeTwo: Расистичкото секојдневие на Германија

Елизабет Шумахер
27 јули 2018

По аферата со Месут Озил, младите Германци со мигрантско потекло стануваат погласни. Надежта е дека #MeTwo ќе биде за мигрантите она што #MeTоo кампањата беше за жените.

Symbolbild Integration
Фотографија: picture-alliance/chromorange/C. Ohde

Низ цела Германија во четвртокот корисниците на социјалните мрежи почнаа да го користат хаштагот #MeTwo. Не затоа што Германците погрешно го спелуваат #MeTоo, туку затоа што за Германците чии предци дошле од други земји, тоа е алатка за да ги раскажат приказните за секојдневниот расизам и предрасуди со кои се соочуваат во земјата која не е навикната да има статус на имигрантска дестинација.
Мирјам Давудванди, главен уредник на музичкиот магазин Splash, го употреби хаштагот за да зборува за тоа како наставничката се обидела да ја стави во пониско одделение за да може да биде со ученици кои се „слични“ на неа културолошки:

Основачот на движењето Али Чан го сподели своето искуство на постојано испрашување „ама навистина од каде си ти?“, откако им одговарал на луѓето дека потекнува од регионот Минстерланд во западна Германија:

Чан, писател и активист, за ДВ објаснува дека го отворил хаштагот откако фудбалската ѕвезда Месут Озил одлучи да престане да игра за националната репрезентација обвинувајќи го претседателот на федерацијата Рајнхард Гриндел за расизам.
„Но не е само Озил. Тука се работи за секој Германец кој има мигрантско потекло. Слично на она што тој го кажа, во нас гледаат Германци кога сме успешни, но кога ќе направиме грешка веднаш сме мигранти“, вели 24-годишниот Чан.
Повеќе од 10 илјади Германци го употребија хаштагот да проговорат за предрасудите со кои се соочуваат поради тоа што не се вклопуваат во идеалот на „традиционалниот Германец“. 


Лузните од германското минато креираа атмосфера во која бесрамната нетолерација најчесто се исмева надвор од доминантниот дискурс. Сепак, неволноста да се дискутира за овие прашања во општеството им остава малку простор на луѓето со поинаква боја на кожата да ги искажат своите искуства за расизмот, оставајќи им простор на рутинската нетрпеливост и латентните предрасуди да станат социјално прифатливи.
Чан се надева дека оваа „револуција“ против угнетувачките културни стереотипи ќе инспирира продуктивни дијалози не само во Германија.
„Ова е за сите луѓе кои чувствуваат дека нивните идентитети имаат два дела... Ова е за сите, во сите земји. Сите имигранти, потомци на имигранти, треба да се спротивстават“.

#DE_facto:Парични и затворски казни за расизам на трибините

02:44

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми