1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МИЦКО – нова алатка на СДСМ за откривање корупција

16 декември 2025

Антикорупцискиот тим на СДСМ ја лансираше новата дигитална платформа за борба против корупција и криминал. Ја нарекуваат МИЦКО- скратено од Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал

Седиштето на СДСМ во Скопје 16.12.2012
Нова платформа на СДСМ за борба против корупција и криминал. Пријавите може да бидат и анонимни Фотографија: MAKFAX

Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) ја лансираше новата дигитална платформа за борба против корупција и криминал – МИЦКО (Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал).

Платформата е посветена на истражување и архивирање јавно достапни материјали и извештаи за наводни корупциски операции во Македонија. Целта е да се обезбеди транспарентност и информираност на граѓаните преку собирање, анализа и организација на податоци од различни извори, велат од партијата.

Што нуди МИЦКО?

  • Истражување на случаи – детална проверка на тендери, медиумски објави и сомнителни операции во политиката, јавниот сектор и институциите.
  • Архивирање на податоци – креирање регистар на наводни случаи со извори, датуми и релевантни детали.
  • Промоција на транспарентност – анализи и извештаи достапни за граѓани, новинари, експерти и невладини организации.

На платформата веќе се објавени истражувања, меѓу кои за фирма со двајца вработени која добила тендери од 9 милиони евра, за компанија со 161 тендер вредни 5,3 милиони евра, како и за случајот со преземањето на Алта Банка, за кошето од СДСМ велат дека е под сомнителни околности.

Анонимно пријавување

Граѓаните, медиумите и организациите можат директно да пријават корупција и криминал преку платформата – дури и анонимно. Постои можност за прикачување документи и внесување информации.

Платформата следи откако партијата неодамна започна со објавување на т.н „бомби 2.0“ за „скандали и корупциски шеми на владејачката гарнитура“. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче неодамна ја повика и европската главна истражителка да ја посети Македонија и да се запознае со злоупотребите на европските фондови, особено ИПАРД програмата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми