1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски чека иницијатива за средба со Бугарија

ДТЗ
12 јуни 2025

За премиерот Христијан Мицкоски е прифатливо да се одржи средба и меѓу претседателката Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот премиер Росен Жељазков. „Ако има таква иницијатива во Хаг треба да се прифати“, вели тој.

Маж во темен костум (Христијан Мицкоски) со раширени раце зборува во прес-центарот на Владата
Мицкоски чека иницијатива за средба со Бугарија Фотографија: Petr Stojanovski/DW

И покрај најавите дека бугарскиот претседател Румен Радев нема да оди на самитот на НАТО во Хаг, македонскиот државен врв не се откажува од средба со Бугарија, со цел да се изнајде решение за одблокирање на патот кон ЕУ.  Премиерот Христијан Мицкоски во изјава за новинарите во Скопје во четвртокот потврди дека на самитот ќе отпатува претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, а од Бугарија, пак, пристигнуваат најави дека во Хаг ќе ги претставува бугарскиот премиер, Росен Жељазков. 

Мицкоски вели дека доколку има каква било иницијатива за средба меѓу македонската претседателка и бугарскиот премиер и тоа треба да се прифати. 

„Ако има каква било иницијатива за средба на ниво претседател-премиер тоа треба да се прифати без разлика што јас нема да бидам таму. Тоа е мојот став и убеден сум дека тоа ќе биде став и на претседателката. Мора да бидеме проактивни и да покажеме дека не е проблемот во тоа што неколку стотини наши граѓани велат дека бугарскиот им е мајчин јазик, туку дека има многу поголем проблем, а тоа е политика стара децении, рече премиерот на Северна Македонија.

Мицкоски во средата (11.06) во изјава за медиумите кажа дека суштината на проблемот е „обидот на еден инженеринг, да се создаде нова македонска нација, која е резултат на одлука на Коминтерната по '45-та година од минатиот век и дека таа нова македонска нација користи нов македонски јазик, кој станува службен во ОН, како дел од југословенската федерација во '45-та година и дека почива на бугарски корени“. 

„Егзибиција на бугарската страна“ 

Можноста за македонско-бугарска средба стана актуелна во мај годинава, кога Мицкоски по средбата во Скопје со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, рече дека разговарале и за евентуална билатерална средба со бугарската страна, на којашто би присустувале и највисоките претставници на ЕУ, НАТО и САД. 

„Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, даде предлог, ние го прифативме веднаш без дилема да се седне меѓу двајцата претседатели“, вели Мицкоски и додава дека на тој состанок имало идеја да присуствува и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претставници од американската администрација за да се вкрстат аргументите.

„Сега таму гледаме една егзибиција - можеби е таков начинот на фунционирање на бугарската политичка сцена. На Самитот во Вашингтон присутен беше премиерот, каде бев јас. Логично е да ротираат претседателот и премиерот, барем таква е праксата, затоа оваа година таму е претседателката Сиљановска и логично беше од страна на Бугарија да биде испратен претседателот и тој беше најавен, во последен момент е испратен премиерот“, вели Мицкоски. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми