1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: подметнувањето пожар да се казнува како тероризам

ДТЗ
16 септември 2025

За одлагање на смет онаму каде што не му е местото, премиерот Христијан Мицкоски предлага казна затвор поголема од пет години

Премиерот Христијан Мицкоски
Иницијатива потпалувањето на пожари да се казнува како тероризамФотографија: Government of North Macedonia

Премиерот Христијан Мицкоски повика да се преземат законски измени со кои подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам.

„Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање на смет онаму каде што не му е местото, ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посета на Општина Јегуновце.

За одлагање на смет онаму каде што не му е местото, премиерот предлага казна затвор поголема од пет годиниФотографија: Petr Stojanovski/DW

Контрола на сите депонии

Министерството за животна средина веќе испратило допис до сите општини под итно да преземат мерки за расчистување на дивите депонии и сметот да се одложи таму каде што му е место. „Ги повикувам и несовесните граѓани кои ги формираат овие диви депонии да престанат да ги формираат, затоа што сите оние кои што ќе бидат фатени ќе бидат најстрого казнети“, апелираше Мицкоски.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, во меѓувреме донесе одлука за затворање на нестандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково. Мерката се носи со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.

Идентификувани 20-тина лица

Досега се идентификувани дваесетина лица во Македонија за кои постојат основани сомневања дека стојат зад пожарите. Според Мицкоски, постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв, паника кај граѓаните во предизборието. 

Со слични изјави излегоа и дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во неколку скопски општини. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Боби Стефановски смета дека се работи за смислено сценарио за опожарување на објекти со цел да се добијат политички поени пред локалните избори.

Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Пироманите кои ги трујат Скопје фатени на дело“, објави и кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, којшто на социјалните мрежи сподели го сподели снимки за подметнување пожар во објект кој што изби во 4.30 часот во сервис за автомобили во Пинтија. 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информираше дека во сервисот имало повеќе автомобили, масло и други запаливи материјали. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми