1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: Дали Бугарија ќе испорача услови и за Албанија?

ДТЗ
4 јули 2024

„Бугарската влада со својата пропаганда само го користи празниот простор што го оставија СДСМ и ДУИ. Имаме сериозна амбиција да се грижиме за нашинците секаде во светот“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Христијан Мицкоски
Бугарската влада со својата пропаганда само го користи празниот простор што го оставија СДСМ и ДУИ, рече q. Фотографија: Boris Grdanoski/AP/picture alliance

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наскоро ќе ги посети Македонците во Албанија со цел да поразговара со нив и да ја „врати довербата во македонскиот идентитет, којшто тие гордо го чуваат“. Најави дека ќе стори се да се заштитат нивните вековни домови и нивниот идентитет. По катастрофалните пописни резултати во Албанија во однос на македонското малцинство, тој вината ја лоцираше кај СДСМ и ДУИ, кои според него, оставиле празен простор за туѓа пропаганда. 

„Ние како држава треба да се грижиме за нашинците од другите страни на границата. Жалам што тоа се случува, но виновникот има име и презиме, а тоа е владата на СДСМ и ДУИ. Бугарската влада со својата пропаганда само го користи празниот простор коишто тие им го оставија“, рече Мицкоски при посетата на Гевгелија. 

Мицкоски: Дали и за Албанија ќе има услов Бугарите да влезат во преамбулата?Фотографија: DW

Дали условот ќе важи и за Албанија? 

Но, асимилаторска политика на Бугарија, според Мицкоски не е само кај Македонците. „Ако ги видите бројките ќе стане јасно дека таа зафаќа голем дел и од останатите граѓани во Албанија - тоа е нешто што треба посериозно да се анализира. Сега се поставува прашањето, бидејќи во Албанија има трипати повеќе коишто се изјаснуваат како дел од бугарската заедница, дали и за Албанија ќе имаме услов тие да бидат во преамбулата на уставот? Дали и за нив ќе важи тој услов или само за нас? Би сакал да видам каква ќе биде реакцијата. Не ја сфаќам логиката зошто за нас би важело, а таму каде што ги има трипати повеќе - да не важи“, рече Мицкоски. 

Според последниот попис во Албанија, во земјата живеат 2.281 Македонец, додека 7.957 се попишани како Бугари. Македонското МНР реагираше дека прелиминарните резултати од пописот одржан во Албанија не ја отсликуваат соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. 

Пред спроведувањето на минатогодишниот попис Македонците реагираа дека  се прават притисоци врз нив да се попишат како Бугари -  од  пазарџиско ветување пасоши,  бројни донации во школска опрема и компјутери, до уцени дека мора да се пишат Бугари тие што сакаат да добијат државјанство со кое ќе можат да работат слободно во ЕУ, или нивните деца да добиваат стипендии за студирање во Бугарија.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев деновиве по работната средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина, оцени дека  „државното раководство на Северна Македонија очигледно не е подготвено за функцијата“. „Неопходно е да се знае меѓународното право. Откако ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да биде имплементиран од сите наредни влади, а не да се ревидира“, порача Радев, кој оцени дека 120.000 Македонци имаат бугарско државјанство, со документирано бугарско потекло.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев по работната средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина, оцени дека „државното раководство на Северна Македонија очигледно не е подготвено за функцијата“Фотографија: BGNES

„Навикнат сум на омаловажувања и навреди“

„Навикнат сум на омаловажувања и навреди. Целиот мој живот е така проследен, но некако на крај секогаш победувам. Ќе видиме како ќе биде во овој случај“, возврати македонскиот премиерот Христијан Мицкоски на пораките од државниот врв во Софија и Атина дека Северна Македонија не ги почитува меѓународните договори. 

Иако вели дека има помало искуство од бугарскиот претседател Румен Радев и од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, им порача дека треба да се навикнат на новата политика во земјата која ги штити интересите на македонските граѓани. „Ние сме малоброен и мирољубив народ подготвен да гради добрососедски односи со секого, но соработката ја гледаме како двонасочна, а не како еднонасочна улица“, рече премиерот.  

Дали Бугарија „ги купува“ Македонците во Албанија?

04:11

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми