1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Мицкоски решен да ги распушти двете судски тела

БГ
20 август 2024

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека треба да се распуштат двете правосудни тела. По средбата со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, тој рече дека прашањето е и безбедносен проблем.

 Христијан Мицкоски
Премиерот на РСМ Христијан МицкоскиФотографија: Government of North Macedonia

Состојбите во правосудството се економски и безбедносен проблем, оцени премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во вторникот, и рече дека останува на ставот дека и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да се распуштат. 

„Нормално, ние си стоиме на ставот за распуштање на тие институции, за кои зборуваме целиот овој период, не очекуваме брзи резултати, но очекуваме напредок“, рече Мицкоски.

Повикувајќи се „на граѓаните“, како и на партиската програма на неговата ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека се потребни „коренити промени во судството“.

„Ако немате правна држава, ако немате владеење на правото, ако немате обвинители и судии кои што обвинуваат по закон и Устав, тогаш ќе немате ниту економска безбедност, а кога ќе немате економска безбедност ќе немате ниту економска активност, ќе нема буџетот приходи онолку колку што се потребни за да имаме развој, а ако немате развој ќе немате среќни граѓани, среќни компании и нормално е да тие се разочараат и така разочарани да ја напуштаат Македонија. Тоа е суштината на целиот овој систем“, рече Мицкоски на прес-конференција по состанокот со Дамева во Владата. 

Безбедносен проблем  

Дамева на средбата, информираше Мицкоски, не му презентирала конкретни предлози за реформирање на оваа институција, која е независна од владата, туку му раскажала што опфаќаат предлозите. 

Претседателката на Судскиот совет Весна ДамеваФотографија: Petr Stojanovski

Премиерот оценува дека актуелната состојба во правосудството предизвикува и безбедносен проблем.

„Ако немате владеење на право, ако немате правна држава, ако имате високо ниво на криминал и корупција тоа е безбедносен проблем. (...) За нас невладеењето на правото, криминалот, корупцијата, елитите се безбедносен проблем за нашата држава и ние како Влада мораме да реагираме“, порача Мицкоски. 

Дамева по средбата рече дека нејзината институција може да се реформира преку имплементација на препораките од Извештајот на Оценската мисија. Граѓаните заслужуваат, а ние сме доследни да обезбедиме неселективна правда во државата, рече Дамева, додавајќи дека „граѓаните заслужуваат да имаат правда“. 

Намерата на владата да ги распушти двете правосудни тела предизвикува бранување уште од почетокот на мандатот. ЕУ и САД му даваат поддршка на Судскиот совет, бараат тој да се реформира согласно предлозите на европските експерти, и сметаат дека владата на овој начин се меша во независноста на судството. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми