1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: Нема да ја поддржиме интерпелацијата за Гаши

ДТЗ
21 август 2024

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека собранискиот спикер Африм Гаши е подобар од неговиот претходник Талат Џафери

Христијан Мицкоски
Мицкоски: Нема да ја поддржиме интерпелацијата за Гаши Фотографија: Government of North Macedonia

ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Неготино упати само пофални зборови за работата на Гаши, истакнувајќи дека тој е подобар од неговиот претходник, Талат Џафери. 

„Начинот на кој тој се однесува како спикер во парламентот, како ги води седниците и се тоа што таму се случува претставува сериозно различно однесување од тоа што го правеше неговиот претходник“, рече Мицкоски. 

Премиерот смета дека собранискиот спикер добро си ја извршува функцијатаФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Нема да ја поддржиме интерпелацијата“

Според него, коалицијата СДСМ-ДУИ-Левица, има свои мотиви зошто поднесуваат таков тип на интерпелација. 

„Претпоставувам оваа коалиција и политичари од рангот на Артан Груби, Талат Џафери, Бујар Османи и Али Ахмети им е подобра, отколку сегашната состојба, но јас не мислам дека е така и затоа нема да поддржиме ваков тип на интерпелација“, вели премиерот. 

Пратеничката група на Левица на почетокот на август поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Африм Гаши. Интерпелацијата е ставена на  дневен ред на 13. пленарна седница во Собранието, која што е закажана за 3 септември.

Барање одговорност 

Левица смета дека Гаши ја повредил секуларноста на државата кога на собраниска седница за одбележување на геноцидот во Сребреница заедно со други присутни изведе групна верска молитва. Како втора причина за барањето одговорност, е наведен инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром. Според „Левица“, Гаши како претседател на законодавниот дом направил и повреда на употребата на македонскиот јазик затоа што заклетвата што ја даде како веќе избран претседател прво ја даде на албански, а не на македонски јазик. 

Политичка одговорност од Гаши побараa Левица и СДСМ, по серијата инциденти изминатиот период. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Во меѓувреме се случи уште едно прекршување на процедурите, кога Гаши со службено возило, заедно со семејството замина на свадбена веселба во Косово. Проверките на МВР утврдија пропусти при евиденцијата на возилата и патниците коишто ја преминале границата со Косово, за што беше најавена постапка за вработен во граничната полиција. 

Политичка одговорност од Гаши побара и опозицијата, по серијата инциденти изминатиот период.  

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми