1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски задоволен што Шекеринска доби функција во НАТО

ДТЗ
20 ноември 2024

„Да се има Македонка за заменик генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест“, вели премиерот Христијан Мицкоски по изборот на Шекеринска во НАТО.

Христијан Мицкоски
Мицкоски задоволен што Шекеринска доби функција во НАТОФотографија: Government North Macedonia

Владата ја поддржала кандидатурата на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО и најавува соработка во интерес на македонската армија и безбедноста на македонските граѓани. Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Скопје рече дека за нив националното единство и интереси се над партиските. 

„Немавме никаква дилема дека треба да ја поддржиме Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО. Затоа што често повикуваме на единство и дијалог со опозицијата. А, доколку повикувате, а не го правите тоа на дело - тогаш сте лицемерни“, вели Мицкоски. 

„Да се има Македонка за заменик генерален секретар на најмоќната воена алијанса е навистина чест, вели премиеротФотографија: DW/P. Stojanovski

Голема чест 

Премиерот вели дека Владата не само што ја поддржала кандидатурата на Шекеринска, туку и активно разговарала со сојузниците. „Да се има Македонка за заменик генерален секретар на најмоќната и најдобро организираната воена алијанса во светската историја е навистина чест. И ниту јас имав дилема, ниту Владата дека треба да ја подржиме кандидатирата и добро е што успешно се заврши“, вели Мицкоски. 

Премиерот во вторникот (19.11) телефонски разговарал со Шекеринска. „Нема дилема дека треба заедно да соработуваме и да помогнеме се што е во наша моќ на македонската армија, а со тоа и да помогнеме за безбедноста на македонските граѓани“, додава Мицкоски.

Тој посочи дека не е тајна дека во минатото и ден денеска има многу концептуални разлики межу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кога станува збор за сегашноста, справувањето со проблемите, политиките и идеолошки разлики. „Тоа не е тајна, бидеме доаѓаме од различни политички опции, со различни гледања на многу теми. Но, како Влада имавме пред над предизвик за одлука, а тоа беше кој и како да го поддржиме за заменик генерален секретар на НАТО, имајќи предвид дека имаше кандидати од неколку земји“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во Владата. 

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте деновиве соопшти дека поранешната министерка за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска ќе биденов заменик генерален секретар на воената алијанса. Таа ќе ја преземе функцијата во декември. 

„Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, изјави шефот на Алијансата, Марк Руте.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми