1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски до Грција: Место закани - да гледаме во иднината

ДТЗ
16 мај 2024

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика на добрососедски и пријателски односи со Грција и апелира да нема веќе закани, опструкции и враќање назад во минатото, туку двете страни да гледаат кон иднината

Христијан Мицкоски
Мицкоски до Грција: Место закани - да гледаме во иднинатаФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Очекував честитка од јужниот сосед за убедливиот триумф, но за жал добивме политички мускули“, изјави во четвртокот (16.05) претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по лавината реакции и критики изминатите денови по говорот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која при давањето свечена изјава во Собранието избегна да го каже уставното име на земјата. Мицкоски смета дека заклетвата на новата претседателка била достоинствена. 

Тој повика на добрососедски и пријателски односи со Грција и апелира да нема веќе закани, опструкции и враќање назад во минатото, туку двете страни да гледаат кон иднината. Тој наскоро очекува средба со грчкиот премиер со кој би разговарал за економијата, туризмот и образованието.

Мицкоски смета дека заклетвата на новата претседателка била достоинствена. Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Ако е прекршен договорот има Меѓународен суд за правда“

„Ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото, бидете сигурни дека тоа нема да го направиме. Немаме намера на нивните политички мускули да одговориме со преименување на автопатите и аеродромите или да градиме споменици. Не очекувам односите меѓу двете држави да се темелат на политички мускули, очекувам да имаме одлични меѓусоседски односи. Ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и тамошната влада предводена од Нова Демократија имаат свој став поврзан со Преспанскиот договор, бидејќи ниту на едните, ниту на другите ни се допаѓа тој договор“, рече Мицкоски.

Тој вели дека ако Грција смета дека земјава го прекршила Преспанскиот договор, постои Меѓународен суд за правда.

„Многу пати во минатото сме кажале дека тоа е реалност. Комуникацијата во македонските инститиуции останува согласно Уставот и законите, но мое основно човеково право е како ќе ја нарекувам мојата држава. И додека давам изјави или се обраќам, а очекувам тоа да биде начин на однесување и на Сиљановска, да се користат термините Македонија и придавката „македонски“, бидејќи на тој начин, според нашето толкување на Преспанскиот договор - нема негово прекршување“, рече Мицкоски и додаде:

„Ја користам оваа прилика до нашите пријатели од Грција - да престанеме со закани, опструкции и враќање назад во минатото, да гледаме во иднината. Ова се документи кои се дел од правото. Ако тие мислат дека сме го прекршиле Преспанскиот договор, постои Меѓународен суд за правда, може да почнат процес, па таму ќе ги вкрстиме и едните и другите аргументи. Не би сакал до тоа да дојде. Повикувам на добрососедски и пријателски односи“, вели Мицкоски.

Според него, важно е да се ратификува Протоколот за економската соработка меѓу двете држави. „Ги повикуваме грчките компании да инвестираат во Македонија, а и македонските во Грција. Повикувам на добрососедски и пријателски односи и да си помагаме“, додаде Мицкоски.

 

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми