1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: Остануваме цврсто на патот на ЕУ

ДТЗ
1 октомври 2024

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека коалицијата е стабилна, а на опозицијата и порача што поскоро да се консолидира затоа што на земјата и треба силен и конструктивен СДСМ

Христијан Мицкоски
Премиерот оцени дека коалицијата е стабилна, а на опозицијата и порача што поскоро да се консолидира затоа што на земјата и треба силен и конструктивен СДСМФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Првите 100 дена од изборот на новата Влада не беа лесни, но беа клучен период во кој многу работи станаа јасни - каде сме и каде треба да одиме и што е потребно за да стигнеме таму. Но, најважно, покажавме дека сме одлучни и посветени да се справиме со предизвиците без разлика на опструкциите со кои се среќаваме и проблемите и стапиците што се поставени пред нас“, порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Во своето експозе по повод 100 дена Влада, Мицкоски придружуван од владиниот тим порача дека остануваат цврсто на патот на исполнувањето на двете стратешки цели - заштита на националните интереси и останување на патот кон ЕУ, коишто според него се надополнуваат и нема причина зошто не би можеле и двете да се остварат. 

Премиерот најави големи реформи во правосудството, кои започнуваат наскоро, борба против криминалот и корупцијата, нови проекти и инвестиции, мерки и одлуки кои се од голема важност за граѓаните. Осврнувајќи се на несогласувањата во владиниот состав околу уставните измени коишто и претстојат на земјата, премиерот оцени дека коалицијата е стабилна, а на опозицијата и порача што поскоро да се консолидира затоа што на земјата и треба силен и конструктивен СДСМ. 

„Ниту една отстапка што ќе значи срам за граѓаните“ 

Мицкоски во своето обраќање вети дека никогаш како влада нема да остапат од реализирање на двете стратешки цели - заштита на интересите на македонскиот народ и полноправно членство во ЕУ. „Ќе разговараме со кого било, колку што е потребно за да се дојде до компромис којшто е достоен, кој нема да ги повреди чувствата на граѓаните. Двете стратешки цели можат да се реализираат - и да се заштити интересот на македонските граѓани и да се интегираме во ЕУ, каде што од многу поодамна ни е местото“, рече Мицкоски.

Тој е дециден дека нема да има ниту една отстапка што ќе значи срам за македонските граѓани. „Вашиот интерес е наша заповед, ние ќе функционираме како ваши слуги. Нема да отстапиме од борбата, се додека сте вие нашата инспирација“, рече Мицкоски во обраќањето до граѓаните. 

Премиерот ги повтори веќе слушнатите ставови околу францускиот предлог и уставните измени, изразувајќи жалење што предлогот на унгарскиот премиер Виктор Орбан да посредува со цел да се одблокира патот кон ЕУ, е неприфалив за соседна Бугарија. „Ја сум подготвен се да ставиме на маса за да го решиме ова еднаш засекогаш“, вели Мицкоски.  

„Не сме сами“ 

Тој смета дека Северна Македонија не е сама на патот кон ЕУ, по одлуката на Унијата за одвојување на Албанија и нејзина забрзана интеграција. 

Мицкоски смета дека Северна Македонија не е сама на патот кон ЕУ, по одлуката на Унијата за одвојување на Албанија и нејзина забрзана интеграција.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

„Не сме сами, имаме многу пријатели кои се дел од европското семејство. Ако мислите дека треба да ги полираме чевлите на европските политичари, јас не сум таков. Не сум инаетлив човек, подготвен сум да прифатам аргументи, но досега не слушнав аргументи зошто да не бидеме членки на ЕУ. Поради тоа, продолжуваме да ги решаваме проблемите на граѓаните, остануваме на патот на Е, градејќи партнерства и пријателства. Диктати, закани и уцени не прифаќам“, вели Мицкоски.

Тој се осврна и на реализираните проектите во првите 100 дена од владата, но и на критиките во јавноста упатени за работењето на овој владин состав.

„Дел од критиките се однесуваат на борбата против криминалот и корупцијата. односно зошто не апсиме. Нема да дозволам од тоа да правам естрада, ниту преку својата позиција и злоупотреба на институции да демонстрирам ревашизам, сила и моќ. Човечки е да се простува, но потребно е криминалот и корупцијата да бидат казнети. Има институциии, закон и устав, тие што направиле прекршок да одговараат. Затоа ве молам да бидете трпеливи“, порача Мицкоски. 

Почнуваат големи реформи во правосудството 

Тој додаде дека овој процес е тежок затоа што „има партиски инструирано и заробено судство“. Група судии и обвинители, според него, се партиски инструирани и го контаминираат системот. „Затоа дадовме рок за предлози за реформи во правосудството до крајот на септемри. Рокот измина, жал ми е што не пристигна ниту еден предлог до нас. Затоа од денеска почнуваме со нашот систем и методологија за реформите во правосудниот систем, со цел од 2% доверба да пораснеме барем на 10 проценти“, вели премиерот. 

Тој најави нови инвестиции, ценовни намалувања,како и намалување на даноците „со што ќе станеме држава со најмали даноци во Европа“. 

Премиерот најави нови инвестиции, ценовни намалувања,како и намалување на даноците „со што ќе станеме држава со најмали даноци во Европа“.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Политички ќорсокак 

Опозициската СДСМ критикува дека 100 дена владеење на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е период на изговори, скандали, разочарувања, изневерени ветувања и назадување. Според партијата, досега немало влада со толку лош почеток на владеењето. „Ако денот се познава по утрото, уште полошо ги чека граѓаните и државата со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Ова е најнеспособната власт од независноста на државата до денеска“, порачаа од партијата. 

Мицкоски вели дека се навикнал да слуша пораки и ставови од СДСМ кои се нејасни, збунувачки и без јасна анализа. „Им  посакувам да излезат од летаргија и агонија во којашто се наоѓаат, оти еден стабилен, конструктивен СДСМ е потребен на земјата“, рече премиерот. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми