Мицкоски отфрла „пазар“ со Мерко: „Тамам работа“
27 октомври 2025
„Не дозволувајте никој да ве збуни. Јас,Рамиз Мерко нема да го поддржам кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) во вториот круг одлокалните избори“. Ваква порака испрати актуелниот градоначалник на Струга, досегашен истакнат член на ДУИ, кој се најде на црната листа на САД за корупција и против кого се водат повеќе судски процеси.
Во објава на социјалните мрежи тој порача дека Независната листа наскоро ќе одржи состанок со кандидатите за советници и со поддржувачите, по што ќе биде соопштен нивниот став во јавноста.
Одлуката на Мерко да им сврти грб на своите сопартијци од ДУИ, и да не го поддржи кандидатот на коалицијата НАИ во Струга, Арсим Далипи, предизвика низа реакции во јавноста. Тоа само ги подгреа шпекулациите дека Мерко се обидува да се приближи до владејачките ВМРО-ДПМНЕ и Вреди и дека во тек сеизборни пазарењаво замена за гласови.
„Таман работа“
Веста ја демантираше премиеротХристијан Мицкоски. „Таман работа. Ние многупати во минатото сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко. Така што, оставам на тој начин да прават и креираат сензација. Апсолутно е неточна информацијата“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во Скопје.
Тој вели дека ваквите информации се лиферуваат од „еден ист центар кој сега е разочаран“, бидејќи Рамиз Мерко не ја поддржува Демократската унија за интеграција во вториот круг.
„Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина“, вели Мицкоски.
„Гласини за поткопување на довербата“
Мерко претходно преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ се обрати до „вистинските и лојални поддржувачи“ за да ги демантира гласините дека во вториот изборен круг ќе застане зад кандидатот на алијансата предводена од ДУИ.
„Ви се обраќам директно и со најголема сериозност за да ги уништам веднаш новите шпекулации и измислени гласини што имаат цел да ја поткопаат вашата доверба“, вели Мерко, кој оцени дека ваквите гласини се обид за манипулација од страна на оние кои веќе се поразени и сакаат да влијаат врз граѓаните.
Мерко нагласи дека Листата на независни кандидати, која ужива масовна поддршка од граѓаните, ќе донесува одлуки врз основа на сериозни консултации, а не на шпекулации.
Кој пат ќе го фати Мерко?
Во битката за градоначалничката фотелја во Струга, во вториот круг ќе се борат Менди Ќура, независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, како и Арсим Далипи од Алијансата предводена од ДУИ.
На изборите во првиот круг, Менди Ќура освои 9.934 гласа, додека Арсим Далипи освои 9.719 гласови.
Во момент кога се води многу тесна битка за идниот градоначалник на Струга, медиумите деновиве објавија текстови во кои се повикуваат на „извори блиски до локалните политички структури во Струга“, во кои наведуваат дека Мерко наводно веќе постигнал неформален договор за поддршка на кандидатот зад кој застана Вреди во вториот изборен круг.
Мерко изминатиот периодги „замрзна“ партиските и општинските активности,откако се најде под лупа на домашните правосудни органи кои отворија за него десетици случаи. Американскиот Стејт департмент пред ве години го стави Мерко на „црната листа“. Сомнежите беа дека додека ја извршувал функцијата градоначалник на Струга, „присвоил средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во Северна Македонија“.