1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Преку мобилен телефон пристап до сите институции

ДТЗ
2 октомври 2025

До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, пристап до сите институции преку мобилен телефон, најави премиерот Христијан Мицкоски

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски
Преку мобилен телефон пристап до сите институции, ветува премиерот Христијан МицкоскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн. Секој граѓанин ќе има дигитален идентитет, пристап до сите институции преку мобилен телефон. Ќе создадеме генерации со дигитални вештини, ученици кои ќе бидат конкурентни со своите врсници во Европа - ова го вети премиерот Христијан Мицкоски на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, регионален настан кој се одржува во Скопје.        

Целта на Македонија, вели премиерот е, да стане центар на дигитални трансформации во регионот, ќе привлекува инвеститори и ќе задржува таленти.

„Дигитализацијата не е за машини - таа е за луѓето. Таа е за мајката кое сака побрзо да го запише своето дете во градинка, за пензионерот кој сака лесно да ја добие својата пензија, за студентот кој сака пристап до знаење и книги онлајн, за секој граѓанин кој ја чувствува државата како пријател а не како противник. Технологијата треба да служи на човекот, а не обратно. Тоа е нашата цел. Нашата визија е држава која ќе биде целосно дигитална, транспарентна и ефикасна“, рече Мицкоски.

Премиерот рече дека апликацијата „М-услуги“ е симбол на новата дигитална ера, којашто значи сите документи на еден дигитален паричник, безбедна размена на податоци за рокови и обврски, целосна транспарентност и доверба.

„Ова е почеток на една дигитална револуција што ќе ја промени државата од корен. Дигитализацијата ќе ја промени Европа од корен, таа е нашата шанса да изградиме поефикасна држава и поправедно општество“, рече тој додавајќи дека со дигитализацијата ќе станеме конкурентни со останатите земји во Европа и со регионот.

„Западен Балкан не смее да биде заостанат агол на Европа. Нашата иднина е поврзаност, иновации и знаење“, вели Мицкоски.

„Роаминг како дома“ со ЕУ

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски најави дека се работи на заедничка декларација која ќе овозможи да заживее иницијативата „роаминг како дома“ со ЕУ. „Целта е да ги намалиме трошоците за дата, трошоците за телефонски разговори и СМС пораки на граѓаните од регионот на Западен Балкан кон цела Европа. Како што успеа ова иницијатива тука на Балканот, истото тоа да го рашириме и во цела Европа“, рече Андоновски.

Министерот се надева оти тоа ќе биде успешно прво како заедничка декларација, а потоа и заеднички сите држави од регионот да ги исполнат условите поставени од Европската комисија. 

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка (РСС), Амер Капетановиќ е задоволен што се преземени повеќе чекори за граѓаните од регионот, како што е зоната на слободен роаминг на Западен Балкан, како и намалување на цените за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан.

„Сега одиме понатаму да се постави нулта тарифа со ЕУ, што е голем исчекор во фазната интеграција со пазарот на ЕУ“ истакна Капетановиќ и додаде дека крајната цел е поврзување на регионот со дигиталниот пазар на ЕУ.

По овој Самит, следува Самитот на Берлинскиот процес во Лондон, на кој се очекува да се усвојат важни документи и акциски планови, кои меѓу другото, се однесуваат на дигиталниот пазар на Западен Балкан, односно интеграција на дигиталниот пазар на регионот со ЕУ.  

Кога бабите и дедовците сурфаат на интернет

01:00

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми