1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски до Мицотакис: Не очекувам талибански однос

ДТЗ
5 јуни 2024

Сакаме да градиме мостови на соработка со соседите, немам намера талибански да се однесувам, рече Христијан Мицкоски, по најавите дека Грција на самит на НАТО сака да го отвори прашањето за Преспанскиот договор

Христијан Мицкоски
Мицкоски до Мицотакис: Не очекувам талибански односФотографија: Petr Stojanovski/DW

Правото на слободно изразување и говорот е елементарно човеково право, а сè што е содржано во Преспанскиот договор и е дел од правниот систем и уставен поредок на државата, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува, порача идниот мандатар, Христијан Мицкоски по полемиките кои се отворија околу употребата на уставото име на земјата и почитувањето на одредбите од Преспанскиот договор. 

Во пресрет на самитот на НАТО во Вашингтон, кој треба да се одржи во јули, Мицкоски вели дека доколку Грција на средбите го постави прашањето околу почитувањето на Преспанскиот договор, тој ќе порача дека треба да се градат мостови на соработка и пријателство со сите соседите. 

„Немам намера талибански да се однесувам“ 

„Македонскиот народ и граѓаните се мирољубиви и гостопримливи. Така се однесувале, очекувам така да се однесуваат и нашите соседи, да соработуваме и да негуваме добрососедски односи. Ниту имам намера талибански да се однесувам, ниту очекувам во 21 век талибанско однесување од кој било политичар. Можеме не само таму, туку и на кој било форум да отвориме дебата, па да видиме кој колку реализирал од Преспанскиот договор, иако не би сакал да го губам времето убедувајќи се со моите колеги кој колку реализирал. Би сакал да зборуваме за инвестиции, за подобар стандард, за развој, за реформи. Тоа е она што го очекуваат граѓаните од нас и тоа е она за што граѓаните го дадоа својот глас“, изјави Мицкоски на прес-конференција во Собранието.  

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис деновиве порача дека прашањето за употребата на уставното име Република Северна Македонија ќе го покрене на самитот на НАТО во Вашингтон во првата половина на јули. Фотографија: Eurokinissi/ANE/picture alliance

„Името на мојата татковина е Македонија“ 

Тој повтори дека за него името на татковината е и ќе остане Македонија.

„Не можете да барате да се почитуваат законите, да владее правото, да спроведувате реформи, а од друга страна да сте лицемерни и да кажувате работи коишто не се вистинити и не можете да ги спроведете. Но, во моите изјави ова ќе биде името за мојата татковина, а тоа ќе биде и е Македонија“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис деновиве порача дека прашањето за употребата на уставното име Република Северна Македонија ќе го покрене на самитот на НАТО во Вашингтон во првата половина на јули. Препирките на релација Скопје - Атина започнаа по давањето на свечената заклетва во Собранието, кога претседателката Гордана Сиљановска-Давкова избегна да го изговори уставното име на земјата, а таквата пракса продолжи и во наредниот период.  

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми