1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мицкоски: Затворањето на Центарот во Лерин е провокација

ДТЗ
2 септември 2024

Активистите од Центарот за македонски јазик во Лерин порачаа дека ќе ја продолжат борбата и ќе ја обжалат одлуката на Апелацискиот суд во Кожани во Врховниот суд во Грција. Мицкоски им нуди поддршка

Христијан Мицкоски
Мицкоски: Затворањето на Центарот во Лерин е провокацијаФотографија: Government of North Macedonia

Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин, според премиерот Христијан Мицкоски, е провокација од страна на Грција и непочитување на договорите. Но, тој е дециден дека земјата нема да реагира како во минатото и нема да дозволи да биде вовлечена во политичка расправа. 

„Јас сум свесен дека таму се потребни провокации за и ние да изреагираме реципрочно и да направиме нешто што нема никаква врска со нашите интереси и остварување на нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Уште еднаш нашите партнери од ЕУ можат да сведочат на непочитување на договореното од страна на нашите соседи, иако сум свесен дека тие ќе се вадат дека станува збор за судска одлука“, изјави Мицкоски во Скопје. 

Обжалување на одлуката 

Апелацискиот суд во Кожани деновиве ја поништил регистрацијата на Центарот за македонски јазик откако судот во Лерин на 27 јули 2022 година ја донесе, а потоа на 16 март 2023 ја потврди законитоста на регистрацијата на центарот како невладина организација. Активистите од Центарот за македонски јазик во Лерин порачаа дека ќе ја продолжат борбата и ќе ја обжалат одлуката на Апелацискиот суд во Кожани во Врховниот суд во Грција. 

Православна црква во Лерин, ГрцијаФотографија: DW/E. Elezi

Мицкоски вели дека нашинците во Грција имаат поддршка од земјава. „Ќе ги поддржиме во барањето на нивното право. Ние како политичари можеме да дадеме логистика, тука е Европскиот суд за човекови права, така што тие апсолутно ќе ја имаат нашата поддршка. Нема да реагираме како во минатото, свесни сме дека се ќе сторат нашите соседи за да не вовлечат во нивната внатрешна политичка расправа и ќе ја направат Македонија како тема. Но, ние сме одговорни, зрели и нема да дозволиме. Имаме наша цел и интерес и одиме кон нејзино остварување“, вели Мицкоски. 

Центарот за македонски јазик е формиран 2022 година како невладина организација/здружение со одобрение од грчкиот суд, со што стана првата организација, која директно се грижи за македонскиот јазик, која што е регистрирана и призната како таква од грчките државни органи. Тој започна со онлајн курсеви по македонски јазик, а со својот статут најави дека ќе се залага за зачувувањето и негувањето на македонскиот јазик во Грција и ќе бараподдршка на воведувањето на македонскиот јазик како изборен предмет во државните училишта и универзитети во Грција.  

Македонското малцинство во Грција

02:45

This browser does not support the video element.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми