1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милиони Германци мора да штедат на јадење

ЕМФ | агенции
31 јули 2023

Според податоците на Евростат, 11,4% од Германците не можат да си дозволат оброк со месо или риба секој втор ден. Така е и со вегетаријанските алтернативи на оброците со месо.

месо
Се зголемува бројот на Германци кои не можат да купуваат месо кога сакаатФотографија: picture-alliance/dpa/M. Gambarini

Податоците на Евростат кои се однесуваат на 2022 година покажуваат дека голем број Германци не се финансиски во состојба да купуваат месо и риба кога сакаат, а истото важи и за вегетаријанските алтернативи на оброците со месо. Според Евростат, во 2022 година дури 11,4% од населението не може да купува месо или риба секој втор ден. Во 2021 година тоа биле 10,5% од населението, или речиси десет милиони луѓе.

Особено тешко погодени се самохраните родители. Од нив дури 19,3%, или речиси секој петти самохран родител, секој втор ден не е во состојба на своите деца да им сервира месо или риба, или споредливи вегетаријански оброци. Во таа категорија разликата помеѓу 2021 година (16,7%) и 2022 година (19,3%) е голема.  

Шефот на пратеничката група на Левица, Дитмар Барч, критикува дека и овие бројки се одраз на сиромаштијата и инфлацијата во земјата. Повторно, меѓу оние што најмногу страдаат се децата. Барч критикува дека владата не прави ништо во врска со зголемувањето на цените. „Супермаркетот стана место на наплата“, вели тој и бара барем привремено укинување на данокот на додадена вредност за основните прехранбени намирници, како и државни контроли на цените во супермаркетите и воведување минимално финансиско обезбедување на децата.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми