1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милошоски и Османи во дуел за „тајни документи“ за пасошите

ДТЗ
9 април 2024

Антонијо Милошоски вели дека Османи криел документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите пасоши, на што тој му одговори дека обвинувањето е од „фабриката на лажни вести“ на опозицијата.

пасоши
Антонијо Милошоски вели дека Османи криел документ од ЕК потпишан од 25 членки за важење на старите пасошиФотографија: Petr Stojanovski

Во екот на претседателската кампања - нови обвинувања меѓу партиите за затајување на вистината и за лажни вести. Овојпат во дуел влегоа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски и шефот на македонската дипломатија и претседателски кандидат, Бујар Османи, околу наводен документ од Европската Комисија потпишан од 25 членки за важење на старите документи. 

Милошоски на Фејсбук сподели допис од италијанското МВР до нивната гранична полиција во кој е наведено дека по препорака на ЕК, 25 членки на ЕУ донеле одлука да се дозволи слободно движење со валидните пасоши со името Република Македонија до крајот на септември годинава. Оваа одлука не ја прифатиле само две земји членки и тоа Грција и Франција, наведува Милошоски. 

Фабрика на лажни вести

Бујар Османи вели дека станува збор за дел од фабриката на лажни вести коja што ја откриле во ВМРО-ДПМНЕ. „Знаете дека создале фабрика за пропаганда и лажни вести и тоа е дел од таа фабрика, која што мислам дека наредните денови повеќе и повеќе ќе се разоткрие. Во однос на пасошите, засега не се проблем европските земји. Проблем е што МВР го има сменето законот и ги има декларирано нашите пасоши за неважечки и граѓаните не може да ја напуштат нашата граница. Така што ние воопшто не сме стигнале до проблемот со границата на земјите од ЕУ“, вели Османи.

Тој додава дека граѓаните со македонски пасоши не можат да ја напуштат границата, бидејќи од домашните закони се декларирани како неважечки. „Но, јас досега не сум слушнал дека некој граѓанин не успеал да се врати во државата, бидејќи не можел да помине низ земји членки на ЕУ“, рече Османи одговарајќи на новинарско прашање по дебатата во Старата скопска чаршија во рамки на претседателската кампања. 

Бујар Османи вели дека станува збор за дел од фабриката на лажни вести која што ја откриле во ВМРО-ДПМНЕФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Ќе ја прекинам кампањата и ќе сликам во МВР ако треба“

Според него, МВР треба да каже зошто уште ебавен процесот на издавање пасоши и притоа ја повтори неговата понуда да помогнат за да се забрза процес на издавање документи со новото уставно име. 

„Се нудам и денеска - ќе ја прекинам мојата кампања ако треба и ќе одам во МВР ќе сликам, ќе пополнувам формулари со сите мои луѓе коишто се дел од овој караван. Така се први тоа – со дисциплина, со реорганизација, со нудење на услуги на граѓаните“, вели Османи.

Дописот кој го сподели Милошоски на социјалните мрежи е од 23 февруари годинава. „МВР на Италија во дописот напоменува дека одлуката е донесена заради заштита на правото на слободата на движењето, а за периодот после крајот на септември граничната полиција дополнително ќе добие инструкции како да постапува. Во истиот овој период многу некоректна беше постапката на министерот Османи кој ја криеше оваа информација за одлуката на 25 членки на ЕУ, која и тогаш и денес е многу важна за слободното движење на стотици илјади македонски државјани кои престојуваат во ЕУ“, вели Милошоски. 

Антонијо МилошоскиФотографија: Dragan Todorovski

Промената на пасошите во февруари годинава, согласно Договорот од Преспа, создаде хаос и проблеми за граѓаните коишто не успеаја навреме да ги заменат документите со новото име - Северна Македонија. Во меѓувреме дел од земјите во регионот дозволија влез на македонски граѓани со важечки лични карти, додека во Грција може да се влезе само со нова патна исправа. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми