1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лани 665 македонски граѓани зеле германско државјанство

ЕМФ / дпа
28 мај 2024

Во текот на 2023 година 665 македонски граѓани добиле германско државјанство - од нив 300 биле мажи, а 365 жени.

Германски пасош
Германски пасошФотографија: Winfried Rothermel/picture alliance

Во 2023 година германски државјани станале 665 македонски граѓани, односно 55 помалку во споредба со годината пред тоа. Општиот тренд, пак, покажува дека бројот на странци кои зеле германско државјанство се зголемува и во 2023 година бил највисок од почетокот на овој милениум.

Според Сојузниот завод за статистика, бројот на лица во Германија кои добиле германско државјанство во 2023 година се зголемил за 19% во псоредба со 2022-та. Изразено во апсолутни бројки - во 2023 година германско државјанство добиле 200.095 странци. Притоа, тие потекнувале од 157 различни земји. Најголем број биле од Сирија, Турција, Ирак, Романија и Авганистан. Сиријците учествуваат со повеќе од една третина во вкупниот број нови германски државјани. Според статистичарите, тоа се должи на големото доселување сириски бегалци во периодот од 2014 до 2016 година, кои во меѓувреме ги исполнуваат условите за добивање германско државјанство.

Новите герамнски државјани имаат во просек по 29,3 години, што значи дека се значително помлади од просекот на вкупното население во Германија (44,6 години).

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми