1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаГерманија

Кардинал Маркс повикува на заеднички датум за Велигден

ЕМФ / кна
10 април 2026

Минхенскиот кардинал Рајнхард Маркс е уверен дека она што ги поврзува католиците и православните е повеќе од она што ги разделува. Затоа тој се надева дека во иднина ќе се најде заеднички датум за Велигден.

Кардинал Рајнхард Маркс, надбискуп на Минхен и Фрајзинг
Кардинал Рајнхард Маркс, надбискуп на Минхен и ФрајзингФотографија: Sven Hoppe/dpa/picture alliance

Минхенскиот кардинал Рајнхард Маркс упати велигденски честитки до православните христијани, кои оваа година го слават празникот на Воскресението на 12 април. „Она што нè поврзува е верувањето дека смртта го нема последниот збор. Дека не победуваат оружјето и омразата, туку мирот и љубовта“, вели Маркс во прилог за радиоемисијата „За недела“, која ќе се емитува на 12 април на „Бајерн 2“.

„Она што нè поврзува е повеќе од она што нè разделува!“, нагласува надбискупот на Минхен и Фрајзинг. Истовремено, тој ја изразува желбата црквите наскоро да постигнат договор за заеднички датум за Велигден. Тоа би било силен и охрабрувачки знак во свет кој се соочува со бројни конфликти, тензии и војни, како и ефикасен придонес за мир меѓу луѓето и народите, меѓу религиите и различните ставови, смета кардиналот Маркс.

Тој потсетува дека по Франциско, и папата Лав Четиринаесетти јасно ставил до знаење дека е отворен за заеднички датум за Велигден за сите христијани. Заедно со патријархот Вартоломеј I се бара решение. „Бидејќи големата цел на екуменизмот останува видливото единство на христијанството.“

На тој пат, според Маркс, треба дополнително да се зајакнуваат заедничките вредности и да се исполнуваат со живот. Тоа, според него, не е само служба за христијанството, туку и за целото човештво: „Заедничкото славење на Велигден во нашето плурално општество не е споредна работа! Конечно треба да биде можно да се постигне договор.“

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми