1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Г7: Повик за прекин на огнот и помош за Газа

ЖА / агенции
8 ноември 2023

За разлика од претходните состаноци, министрите за надворешни работи на Г7 настапија обединети во Токио. Тие бараат прекини на огнот и коридори за помош за Појасот Газа, како и долгорочно решение за две држави.

Министрите за надворешни работи на Г7  Токио
Министрите за надворешни работи на Г7 единствени во ТокиоФотографија: Jonathan Ernst/Pool/dpa/picture alliance

Државите Г7 повикаа на хуманитарни прекини на огнот и воспоставување коридори во војната во Газа за да се олесни испораката на помош и ослободување на заложниците . „Сите страни мора да обезбедат непречена хуманитарна помош за цивилите, вклучително и храна, вода, медицински материјали, гориво и засолништа, како и пристап за хуманитарните работници“, се вели во изјавата на крајот од состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, економски најсилните демократии. Војната во Блискиот Исток беше во центарот на дискусиите меѓу германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и нејзините колеги. Земјите од Г7 „недвосмислено ги осудија терористичките напади на Хамас“ на 7 октомври и тековните ракетни напади врз Израел. „Го нагласуваме правото на Израел да се брани себеси и својот народ во согласност со меѓународното право“, стои во соопштението. Министрите за надворешни работи повикаа и на „итно ослободување на сите заложници“ кои ги држи Хамас, без предуслови. Во документот се нагласува важноста од  заштита на цивилното население  во согласност со меѓународното хуманитарно право. Единствениот пат до праведен, траен и сигурен мир останува решението со две држави. „Израелците и Палестинците имаат исто право да живеат во безбедност, достоинство и мир, истакнуваат шефовите на дипломатиите од државите Г7.

„Неприфатливо“ насилство на Западниот Брег

„Ги отфрламе антисемитизмот и исламофобијата  во која било форма во нашите општества и каде било во светот“, порачаа министрите. Зголемувањето на насилството од страна на екстремистичките доселеници врз Палестинците на окупираниот Западен Брег според нив е „неприфатливо“. Земјите од Г7 го повикаа  Иран да ја прекине поддршката за Хамас  и либанската милиција Хезболах.  Заедничката изјава на Г7 е исто така особено важна, бидејќи постоеше различен пристап при гласањето во Генералното собрание на ОН на 27 октомври. Јорданската резолуција за подобрување на хуманитарната ситуација и за итен прекин на огнот во Појасот Газа го доби неопходното двотретинско мнозинство. Сепак, САД гласаа против декларацијата, а Франција гласаше за неа, додека  Германија беше воздржана.

Потврдено заминувањето на повеќе од 200 Германци

Баербок претходно го потврди заминувањето на повеќе од 200 германски државјани и членовите на нивните семејства од Појасот Газа. „Ова дава надеж среде ужасната ситуација во Газа“, напиша таа на платформата X. „Голема благодарност до нашите партнери во Египет за нивната поддршка“. Ќе продолжиме да работиме „додека секој Германец што сака да ја напушти земјата не може да го стори тоа“, додаде таа.

Апел до Кина и Русија

Друг фокус на средбата на Г7 во Токио беше  војната во Украина. Министрите за надворешни работи ја повторија својата решеност да продолжат да го поддржуваат Киев во неговата одбранбена војна против Русија. „Непоколебливата“ поддршка на Г7 за „независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет“ на Украина никогаш нема да ослабне, се вели во финалната изјава. Во неа се повикува Кина да не ја поддржува Русија во нејзината војна против Украина. Наместо тоа, Кина треба да ја повика Русија „да стави крај на својата воена агресија и да поддржи праведен и траен мир во Украина.“ На дневен ред на состанокот беше и ситуацијата во Индо-Пацификот. Министрите за надворешни работи на Г7 ја осудија ракетната програма на Северна Кореја и го повикаа Пјонгјанг да се откаже од нуклеарната програма. Тие, исто така, ја осудија продажбата на оружје од Северна Кореја на Русија. Со оглед на заканувачкото однесување на Кина кон Тајван, Г7 го повтори својот повик за „мирно решение“. Земјите од Г7 ги вклучуваат Германија, Франција, Италија, Јапонија, Канада, САД и Велика Британија.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми