1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Газа: Израел одзема лиценци на хуманитарни организации

СН/агенции | АРД
31 декември 2025

По повеќе од две години војна, хуманитарната ситуација во Појасот Газа и натаму е катастрофална. И покрај ова, Израел им забранува на бројни хуманитарни организации во иднина да работат во областа.

Провизорна шаторска населба во разурнатиот град Газа
Илјадници луѓе живеат во провизорни шаторски населби: И покрај прекинот на огнот што е во сила од октомври, хуманитарната ситуација во Појасот Газа останува катастрофална.Фотографија: Omar Al-qattaa/AFP

Голем број меѓународни хуманитарни организации повеќе нема да имаат пристап до Појасот Газа од почетокот на јануари. Израел ги обвинува за кршење на новите владини правила, кои предвидуваат проверка на меѓународните организации кои работат во Газа. Меѓу погодените, меѓу другите, е и Лекари без граници. Министерството вели дека ја обвинува организацијата за недоволно разјаснување на должностите на вработените за кои Израел тврди дека соработувале со Хамас и со други милитантни групи.

Погодени 37 хуманитарни организации

Според Министерството за дијаспора, досега 37 организации се погодени од одземање на лиценцата. Според Израел, овие организации обезбедуваат само мал дел од вкупната помош за Појасот Газа.

Денот кој го промени Блискиот Исток

02:23

This browser does not support the video element.

Меѓутоа, Лекари без граници објавија дека се „една од најголемите медицински организации кои моментално работат во Газа“. И покрај прекинот на огнот што е во сила од октомври, хуманитарната ситуација во Појасот Газа останувакатастрофална. Според најновите податоци од Канцеларијата на ОН за итна помош, повеќе од 80 проценти од објектите во таа крајбрежна област се уништени или се оштетени. Многу луѓе живеат во кампови и се изложени на зимските временски услови. Недостасува храна и медицинска помош.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми