1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите и естетските интервенции

02:14

This browser does not support the video element.

Сања Косовиќ
28 август 2023

Сѐ повеќе млади се решаваат да направат естетски интервенции. Тие не се исто што и пластичната хирургија. Станува збор за помалку инвазивни интервенции насочени кон подобрување на изгледот на лицето. Разговаравме со млади луѓе од Србија кои направиле вакви интервенции и нивните искуства се различни.

Јован ја имал првата естетска интервенција на 20-годишна возраст. Мотив му била љубопитноста, и секако - убавината:

 
„Тогаш веќе почнав да се сликам пред камери, снимав емисии, па сакав кожата да ми биде посвежа и лицето поубаво. Тоа беше една од дополнителните причините за да го правам сето тоа“, вели 26-годишниот Јован од Србија. 

Веќе по првата интервенција, како што вели, станал „зависник“:

„Насекаде гледав мани... Она како: 'Аха, ова би можел уште малку, овде уште малку, би можел ова да го додадам, ова да го одземам...' И, така тоа одеше во круг.“

По 3 години редовни интервенции - решил да престане:

„Не ја гледам целта на тоа, мислам дека ова  што го гледам е прилично убаво, така што сега не би менувал ништо дополнително на себе и не би правел драстични промени.“
 

 Вања користи ботокс од својата 24 година - како превенција од стареење:

„Ставив ботокс на челото, т.е. над веѓите, и тука, по линијата на косата. Она што ме поттикна е што ги видов првите знаци на стареење и некако не ми се допадна, ми беше интересно и достапно, па така почнав“, раскажува 25-годишната девојка. 

 
Ботоксот го обновува секои 9 месеци и нема намера да престане да го користи:

„Лично, никогаш не сум се соочила со некаков вид на стигма, ниту во семејството ниту во опкружувањето, но ако беше многу забележливо, мислам дека ќе наидев на неа.“

„Не се каам што направив пластична операција“

01:17

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми