1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите мажи во Германија се „мачо” типови

АРД
17 јуни 2023

Мускулест, главен во врската, заработува доволно пари за семејството, на партнерката и` ги препушта домашните работи - така младите мажи во Германија си замислуваат вистински маж. Една третина би кренале рака врз жена.

мажи Германија
Колку се „токсични“ младите мажи во Германија?Фотографија: Westend61/Iamgo Images

Во Германија перцепцијата за машкоста очигледно и натаму се формира според традиционалните примери, дури и меѓу помладите мажи, додека пак жените имаат сосема различна претстава за тоа што е машкост и што очекуваат од спротивниот пол.

„Резултатите од нашето истражување сугерираат дека младата генерација во Германија е далеку од вистинска рамноправност”, гласи поразителниот резултат на студијата што ја спроведе во март годинава организацијата „План интернешнл” која сега е претставена и на јавноста. Во истражувањето учествувале 1000 испитаници мажи и 1000 жени на возраст од 18 до 35 години кои биле прашувани за 10 аспекти на машкоста. Во продолжение ви ги претставуваме најважните резултати од студијата. 

Однос спрема жени и сексуалност

50 проценти од помладите мажи во Германија не сакаат да бидат во врска со жена која имала многу сексуални партнери. Истовремено, 37 проценти од нив велат декаги привлекува да имаат односи со што е можно повеќе жени.

47 проценти сметаат дека провокативно однесување на жена може да се сфати како покана мажот да реагира и исто толку од нив се против тоа партнерката да се гледа со пријатели кои се мажи. 

41 проценти сметаат дека е нивно право да им даваат комплименти на жените, да ги гледаат, да се вртат по нив и да им свиркаат. 

Насилство во врската

34 проценти од младите испитаници веќе еднаш употребиле физичка сила над жена - заради влевање почит. 

33 проценти изјавиле оти го сметаат за прифатливо во кавга со партнерката повремено да „кренат рака”.

Фотографија: Frank Hoermann//Sven Simon/IMAGO

Поделба на улогите во хетеросексуални врски

52 проценти од младите мажи својата улога ја гледаат во тоа да заработуваат доволно пари на работа. Партнерката е првенствено одговорна за домот и домашните работи. 49 проценти сметаат дека е важно мажот да има последен збор при носењето одлуки во врската или во бракот.

39 проценти би сакале нивната партнерка да ги запостави своите амбиции за да им го чува грбот и тие да може да напредуваат во работата.

41 процент би земале родителско отсуство подолго од неколку недели. 

Однос спрема хомосексуалци

48 проценти велат дека им пречи ако мажи јавно ја покажуваат својата хомосексуалност. 

42 проценти наведуваат дека некогаш им дофрлаат на мажи кои делуваат женствено.

Надворешен изглед

59 проценти од младите мажи во Германија велат дека многу се трудат да имаат мускулесто и атлетско тело.

55 проценти со својот изглед и однесување сакаат да покажат дека се „вистински мажи”. 

Подготвеност на ризик и натпревар

63 проценти од младите мажи во Германија велат дека сакаат да се натпреваруваат со други и дека се трудат да се меѓу најдобрите.

43 проценти велат дека сакаат брз и луд начин на возење. 

42 проценти велат дека понекогаш пијат толку алкохол што не биле свесни што правеле. 

Чувства и здравје

71 проценти веруваат дека личните проблеми може да си ги решат без да побараат помош. 

63 отсто изјавиле дека понекогаш се чувствуваат тажни, осамени или изолирани.

53 проценти велат дека им е непријатно да зборуваат за своите чувства. 51 отсто од младите мажи се убедени дека се слаби и ранливи кога покажуваат чувства. 50 проценти ги игнорираат здравствените проблеми и претпоставуваат дека ќе ги снема сами од себе. 

Како мажите реагираат на притисок за промена?

88 проценти сметаат дека се токму такви, какви што по нивно мислење треба да биде маж. 

95 проценти од мажите чувствуваат притисок да се променат, а 54 отсто се подготвени заради таквиот притисок натамошно да се развиваат, додека 38 проценти сакаат да ги остават на мир. 

55 проценти од младите мажи изјавиле дека во денешно времемногу се зборува за рамноправност на жените и дека (сега веќе) не знаат кое однесување е исправно, а кое не. 

Што младите жени очекуваат од мажите?

77 проценти од младите жени имаат далеку поголеми очекувања од мажите отколку што тие си поставуваат сами на себе и сметаат дека веќе секој маж мора да знае какво однесување се очекува од него кога е во прашање рамноправноста. 

25 проценти од анкетираните жени бараат мажите да се одрекнат од своите привилегии, иако се свесни дека тоа не е пријатно. 

26 проценти сметаат дека во денешно време е тешко за мажите да ја пронајдат својата нова улога. 

21 проценти од жените сметаат дека е неопходно и важно да им помогнат на мажите да се пронајдат во таа нова улога, а исто толкав број на жени сметаат дека мажите ја злоупотребуваат својата моќ и дека заради тоа треба да им се прави поголем притисок - па „ако пукне, нека пукне”.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми