Скопје и џез фестивалот – тоа е убава приказна која трае 44 години. На 16 октомври почнува овогодишниот Скопски џез фестивал, кој е познат во Европа и во светот. Во негови рамки се одржува и работилницата „Џез за деца“, каде деца на возраст од 7 до 12 години учат да го почувствуваат и создаваат ритамот на џезот.