1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаИндија

Моди: Секој Индиец ја смета Русија за пријател на Индија

ЕМФ / ртр
9 јули 2024

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска во Москва разговара со рускиот претседател Владимир Путин за снабдување со евтина енергија и подлабоки билатерални односи.

Индискиот премиер Нарендра Моди и рускиот претседател Владимир Путин
Индискиот премиер Нарендра Моди е во посета на РусијаФотографија: Sergei Bobylev/POOL/TASS/picture alliance/dpa

Односите на Индија со Русија се засноваат на „заемна доверба и заемно почитување“, изјави индискиот премиер Нарендра Моди денеска (9.07) во Москва, додавајќи дека го цени лидерството на рускиот претседател Владимир Путин. Дводневната посета на индискиот премиер на Русија е прва по пет години. Таа се совпаѓа со самитот на НАТО во Вашингтон, иако висок функционер на индиското Министерство за надворешни работи минатата недела рече дека терминот на посетата нема никакво значење и дека таа е дел од календарот на посети меѓу двете земји кој се прави долгорочно.

Во обраќање до индиската дијаспора во Русија, Моди денеска нагласи дека „секој Индиец ја смета Русија за пријател на Индија во добри и лоши времиња“. „Посветеноста на нашите односи е повеќепати ставена на тест и секогаш се покажувала многу силна“, рече индискиот премиер, додавајќи дека го цени својот „драг пријател“ Путин поради тоа.

Русија со децении е најголем снабдувач со оружје на Индија, а Њу Делхи и Москва имаат блиски односи уште од советско време. Западот, особено САД, се обидува да ги зајакне врските со Индија како потенцијална противтежа на Кина во регионот. Но, Њу Делхи и Западот зазедоа различни ставови за руската војна во Украина. Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека на Индија ѝ изразил загриженост поради нејзиниот однос со Русија.

Индија се воздржува од критики на сметка на Русија и го зголеми купувањето евтина руска нафта на рекордно ниво, а истовремено ги повика Украина и Русија да го решат конфликтот преку дијалог и дипломатија. Путин го пречека Моди доцна во понеделникот (8.07), поздравувајќи го индискиот лидер како свој „драг пријател“ и рече дека е „многу среќен“ што го гледа, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Прегратка на индискиот премиер Моди и рускиот претседател Путин во МоскваФотографија: Gavriil Grigorov/Sputnik/Kremlin Pool Photo via AP/picture alliance

Непосредно пред Моди да се сретне со Путин, најмалку 41 лице загинаа во руски ракетен напад врз болница во Киев. Подоцна, додека Моди на социјалната мрежа Х ја сподели својата слика како го прегрнува Путин, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека е „огромно разочарување и катастрофален удар за мировните напори да се види како лидерот на најголемата демократија во светот на таков ден го гушка во Москва најкрвавиот криминалец во светот“.

Путин и Моди треба да одржат официјални разговори во Кремљ подоцна во текот на денов, фокусирајќи се на поевтиното снабдување со енергија и подлабоките економски и стратешки врски.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми