Моја Европа: „Злото не е сѐмоќно!“
2 август 2023Ноќта меѓу 2 и 3 август 1944 година нацистите во гасни комори во логорот на смртта Аушвиц-Биркенау ги убиле последните затворени 4.300 Синти и Роми – жени, мажи, деца од злогласниот „Цигански логор“.
Пред осум години Европскиот парламент го прогласи2 август за Европски ден на сеќавање на геноцидот над Синтите и Ромите.Истовремено, ЕП „безусловно и недвосмислено осуди секаков облик на расизам и дискриминација“ на малцинствата. Сите членки на Европската унија се повикани овој ден да го одбележуваат како ден на сеќавање наПорајмос – нацистички геноцид над Синтите и Ромите.
Сеќавањето на жртвите на геноцидот стана неразделен дел од нашиот идентитет и несреќната и болна историја на нашата заедница. Порајмос притоа не се смета само затрагедија на Синтите и Ромите кои биле изложени на нечовечки злосторства, туку и на единствена форма на варварство и нечовечност.
Во ерата на националсоцијализмот „етичкото“ е заменувано со „техничко“. Тој инструмантеален ум целосно го одделил човекот од неговите емоции, страсти и морални принципи. На модерниот човек во нацистичкото време му е оттргната неговата суштина. Во фокусот на неговите интересирања бил растот на неговиот „технички“ производ и дејност, „неизвалкан“ од било каква морална одговорност. Холокаустот не се случил поради садистички луѓе, многу повеќе тој е резултат на рамнодушноста и тоталното одвојување на човекот на таа епоха од секаква морална обврска. Дехуманизацијата на бирократскиот апарат овозможила убивање на толку голем број луѓе за толку кратко време. Холокаустот однесе животи на шест милиони Евреи и 500.000 Роми. Последиците за човештвото и цивилизацијата биле разорни.
Дискриминација, предрасуди, нееднаквост
Речиси осум децении по крајот на Втората свтеска војна,Ромите и Синтите во сите области од животот и натаму се изложени на дискриминација и предрасуди, во сите европски земји во кои живеат раштркано. Земја со најголема популација на Роми во Европа е Романија, со отприлика два милиони луѓе. Во Унгарија, Словачка, Германија, Шпанија, Франција и Бугарија живеат по неколку стотици илјади припадници на ова малцинство. Се проценува дека во Европа вкупно живеат околу дванаесет милиони Роми и Синти.
За жал, само во вакви денови како што е 2 август се потсетува на судбината на нашата заедница. Само во такви денови уживаме внимание во јавноста, таа е конвенција, резултат на јавен договор. Тоа не значи дека Денот на сеќавање е погрешен, но јасно е дека во останатите денови во годината се запоставуваат потребите на ова малцинство, иако во Европа живееме седум векови.
Интензивна маргинализација Ромите доживеаја посебно во време на пандемијата на коронавирус и по неа, кога дојде до економски застој. Многу од нас стекнуваат впечаток дека заедницата на Роми и Синти е последна за поддршка, но прва кога се фотографира и повикува да добие помош.
Тоа мора да се промени. Хуманоста не може само да се глуми на Денот на сеќавање или пред камери. Од дехуманизаторското искуство на Холокаустотпроизлегува и посебна одговорност кон жртвите и нивните потомци. Расизам, дискриминација, антициганизам не смеат да имаат место во Европа. Во тој контекст сакам да завршам со цитат на полско-британски социолог од ромско потекло, Сигмунт Бауман, кој храбри и дава надеж: „Злото не е семоќно. Нему можеме да му се спротиставиме.“
Фатлум Криези(29) е социолог и новинар. Потекнува од ромска заедница во Призрен, Косов и студирал социологија и антропологија во Приштина и на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта.