1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаМолдавија

Молдавија со тесно мнозинство го избра европскиот пат

БГ/ ДПА
21 октомври 2024

Поранешната советска република Молдавија гласаше за вметнување на про-ЕУ курсот во својот Устав, на референдумот кој го следат бројни обвинувања за манипулации и надворешно мешање.

Молдавија ЕУ
Молдавија со тесно мнозинство се одлучи за ЕУФотографија: DW

Про-европската претседателка на Молдавија, Маја Санду во понеделникот го поздрави исходот на референдумот оценувајќи дека нејзината опција „победила праведно во неправедна битка“, нагласувајќи го руското мешање како клучен фактор за тесниот исход.

Надежите во Брисел за убедливо мнозинство во корист на ЕУ на референдумот паднаа во вода, и покрај најавената економска помош за Молдавија од 1,8 милијарди евра.

Молдавија, која географски се наоѓа меѓу Украина и Романија, е земја-кандидат за членство во ЕУ, но традиционално е растргната меѓу Истокот и Западот.

Откако беа пребројани речиси сите гласачки ливчиња, изборната комисија соопшти дека 50.39% од гласачите гласале во прилог на промена на Уставот и внесување на ЕУ како стратешка цел. Околу 49.61% биле против, што ја покажува силата на про-руската опција. Досега пребројани се 99.41% од гласовите. 

Про-европската претседателка на Молдавија, Маја СандуФотографија: Vadim Ghirda/AP/dpa/picture alliance

Русија бара докази  

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен им честиташе на земјата и на претседателката на победата и покрај мешањето на Русија. 

„И покрај хибридната тактика на Русија, Молдавија покажа дека е независна, силна и сака европска иднина!“, порача Фон дер Лајен на Твитер. 

Санду се жалеше на масовна изборна измама веднаш по гласањето, и обвини дека „криминални групи“ го лажирале исходот.

Портпарол на Европската комисија оцени Русија подолго време се обидувала „да го дестабилизира демократскиот процес во Молдавија“, наведувајќи го купувањето гласови, масовното гласање и пропагандните кампањи на Русија и нејзините сојузници како примери.

Русија побара од Санду да приложи докази за своите тврдења. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков ги оцени обвинувањата на Санду како сериозни.

„Доколку тврди дека освоила премалку гласови како резултат на некои криминални банди, треба да претстави докази за тоа“, рече Песков, додавајќи дека прелиминарните резултати покажале оти многу граѓани не ги споделуваат нејзините политички погледи. 

Маја Санду победи на првиот круг од претседателските избори, кои се одржуваа заедно со референдумот, со освоени 42% од гласовите. Во вториот круг, закажан за 3 ноември, таа ќе се соочи со Александру Стојаногло, претставник на про-руската опција, кој освои 26% од гласовите. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми