1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Москва прашува зошто Украина користи српски ракети

БГ /АП
3 март 2023

Русија побара од Србија официјално објаснување по извештаите дека Белград и доставил илјадници ракети на Украина за нејзината борба против руската инвазија. Србија негира дека директно го вооружувала Киев.

лександар Вучиќ
Српскиот претседател Александар Вучиќ прегледува антитенковски проектил од типот Корнет.Фотографија: Darko Vojinovic/AP Photo/picture alliance

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изрази „најдлабока загриженост“ по извештаите, кои првично ги објавија провладините медиуми во Русија, минатиот месец. 

„Ја следиме приказната“, рече Захарова во соопштение објавено на страницата на руското МНР. Таа додаде дека евентуалното вооружување на Украина претставува „сериозно прашање“ за српско-руските односи.

Според медиумските извештаи, српската државна фабрика за муниција неодамна доставила околу 3,500 ракети за повеќеракетните фрлачи од типот Град кои ги користат и украинската и руската армија. Ракетите од 122 милиметри наводно биле транспортирани до Украина преку Турција и Словачка. 

Белград: Во прашање е меѓународна трговија 

Српскиот министер за одбрана Милош Вукчевиќ негираше дека земјата извезувала ракети во Украина, но ја остави отворена можноста дека тие можеби биле доставени преку трета страна. 

„Доколку приватни компании купуваат оружје на пазари на трети земји и потоа го препродаваат на други компании во други земји, тоа не е прашање за Србија, тоа е меѓународна трговија“, рече тој. 

Србија е најблискиот сојузник на Русија во Европа, со историски, верски и културни врски кои се засилени со децениски про-руски пропагандни кампањи во земјата.

Русија ја поддржува Србија во нејзината битка да ја оспори независноста на Косово, додека Србија одби да наметне санкции врз Русија поради агресијата врз Украина. 

Русите се добредојдени во Србија, критиките за Русија не се

02:54

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми