1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиРусија

Москва повторно нападната со дронови, шести ден по ред

ЖА / агенции
23 август 2023

Шести ден по ред Русија јавува за напади со дронови врз Москва, за што ја обвинува Украина. Според германската министерка за надворешни работи, Украина се брани во „рамките на меѓународното право“, САД се дистанцираат.

Москва дрон Русија
Оштетен солитер во деловниот центар на Москва во напад со дронФотографија: picture alliance/AP

Руската противвоздушна одбрана, според наводи од Москва, шести ден по ред успеала да собори украински беспилотни летала при нивнинапади врз регионот на главниот град. Ноќеска се соборени два дрона, додека трет удрил во солитер кој уште е во изградба, соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин преку онлајн мрежата Телеграм.

На третиот дрон му е уништен системот за навигација, јавува државната новинска агенција Тасс, повикувајќи се на извори од руското Министерство за одбрана. Зградата во која се забил третиот дрон се наоѓа во деловниот центар на градот со бројни висококатници и е „лесно оштетена“, но нема жртви, се вели во извештајот.

Поради нападите со дронови, привремено бил прекинат авионскиот сообраќај на трите московски аеродроми – Домодедово, Шереметјево и Внуково. Според германската новинска агенција ДПА, авионскиот сообраќај во меѓувреме се нормализирал.

И вчера (22.08.2023) руската противвоздушна одбрана успеала да одбие повеќе напади со украински дронови, како што тврди Министерството за одбрана на Русија,а ни тогаш немало мртви или повредени.

Бербок не гледа повреда на меѓународното право

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во врска со украинските напади со дронови изјави: „Русија ја нападна Украина. Русија бомбардира цивилни цели во Украина без воздржување, силоси со жито, болници, цркви. А Украина се брани во рамките на меѓународното право.“

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок: Украина се брани во рамките на меѓународното правоФотографија: Bernd Elmenthaler/IMAGO

Владата во Киев не се изјаснува далинападите врз Москва со дронови се украински.

САД не поддржуваат или овозможуваатнапади на руска територија,изјави пак портпарол на американското Министерство за надворешни работи во врска со случајот. Но, додаде тој, Украина самата одлучува како сака да се брани против руската инвазија, а Русија може во секој моментда стави крај на војната со тоа што би се повлекла од Украина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми