1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Може ли осудениот Доналд Трамп да стане претседател на САД?

Карла Блајкер
31 мај 2024

Доналд Трамп е прогласен за виновен - ова е првпат поранешен американски претседател да биде осуден во кривична постапка. Што значи ова за неговата претседателска кандидатура? И што ако заврши во затвор?

Доналд Трамп по пресудата против него во Врховниот суд на сојузната држава Њујорк
Доналд Трамп по пресудата против него во Врховниот суд на сојузната држава ЊујоркФотографија: Justin Lane/REUTERS

Доналд Трамп , веројатниот кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во САД во ноември 2024 година, е првиот поранешен американски претседател обвинет и осуден во кривична постапка. Судската порота во Њујорк во четвртокот на 30 мај, 2024 го прогласи Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението.  Од 15 април, во судскиот процес се расправаше за тоа дали тој платил поткуп за време на неговата претседателска кампања во 2016 година за да ги замолчи приказните за можна вонбрачна врска со порно ѕвездата Сторми Вилијамс.

Тоа е првиот од четирите кривични случаи - два државни, два сојузни - кои се во тек против Трамп. Друго судење во Џорџија се однесува на обидот да го негира поразот на изборите во таа држава во 2020 година. 

Првиот федерален случај се однесува на тоа дека, наводно, свесно ширел лаги за тоа како биле украдени изборите, а вториот дека незаконски задржал доверливи документи кога ја напуштил Белата куќа. 

Доналд Трамп влегува во судница во март 2024 годинаФотографија: Selcuk Acar/Anadolu/picture alliance

Дали осудениот Трамп може биде кандидат за претседател? 

Да. Уставот на САД предвидува само три услови за кандидатите - тие мора да се родени како државјани на САД, да имаат најмалку 35 години и да престојуваат во САД најмалку 14 години.

Постојат аргументи дека лицата кои се под кривично гонење не треба да бидат кандидати, изјави претходно за ДВ Лаура Мерифилд Вилсон, професорка по политички науки на Универзитетот во Индијанаполис.

„Но, сите тие аргументи се засноваат на морал и преференции, а не на правни или процедурални пречки“, рече таа. 

Може ли Трамп да биде дисквалификуван со 14-тиот амандман? 

Но, американскиот Устав има амандман додаден по Граѓанската војна, кој вели дека ниедна функција не можат да извршуваат оние кои се заколнале дека ќе го почитуваат Уставот, а потоа биле „вклучени во бунт“.

Оние кои би сакале Трамп да биде исфрлен од трката веруваат дека овој 14-ти амандман може да се примени поради упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Тие велат дека лагите што Трамп ги кажал за наводната изборна измама ја поттикнале толпата да го изврши крвавиот упад.  

Некои сојузни држави, како Колорадо, сакаа да му забранат на Трамп воопшто да учествува на прелиминарните избори на републиканците поради оваа причина. Но, во март оваа година, Врховниот суд го отфрли обидот на Колорадо, наведувајќи дека поединечните држави немаат овластување да спречат некој да се кандидира за федерална функција.

Врховниот суд потврди дека само Конгресот има надлежност за ова прашање. Бидејќи Конгресот е поделен - со републиканците кои го имаат мнозинството во Претставничкиот дом, додека демократите имаат тесно мнозинство во Сенатот - мали се шансите на Трампда му биде забрането да се кандидира.

Дали на осудениот Трамп ќе му биде дозволено да гласа?

Најверојатно не. Бидејќи Трамп е регистриран како гласач на Флорида, каде осудените граѓани го губат правото на глас. „Повеќето престапници во Флорида ги добиваат своите права на глас кога ја отслужуваат целата казна, вклучително и условната казна, или ги плаќаат сите казни и камати“, пишува „Њујорк Тајмс“.

Но, казната или условната казна на Трамп најверојатно нема да истече до ноември, кога ќе се одржи гласањето. Ова би довело до парадокс - човек може да стане претседател, но не може да гласа за себе.

А, што ако Трамп заврши во затвор?

Никој не знае. „Вакво нешто досега не се случило“, вели Ервин Чемерински, експерт по уставно право од Универзитетот во Калифорнија. „Можеме само да претпоставуваме“.

Законски, Трамп би можел да биде кандидат од затвор. Но, би било голем логистички предизвик да се раководи со земјата од затворска ќелија. Некои шпекулираат дека во тој случај Трамп би можел да поднесе тужба, тврдејќи дека евентуалната затворска казна го спречува да ги исполни своите должности како претседател на САД.

Доналд и Меланија Трамп на избирачко место во ноември 2022 годинаФотографија: Joe Raedle/Getty Images

Може ли Трамп да се помилува себеси?

Во теорија, Трамп би можел да се помилува себеси како претседател или дури да издаде целосно помилување. Но, тоа би било екстремно растегнување на претседателските овластувања и како случај на врвен непотизам веројатно би завршил пред Врховниот суд. Таму, пак, конзервативните судии имаат удобно мнозинство од шест спрема тројца.

Друг начин би бил претседателот Џо Бајден, доколку ги загуби изборите, да го помилува Трамп за да не настане вакуум и целосен хаос.

Потоа повторно, тоа може да се однесува само на федералните судења. Затоа што дури и претседателот нема овластување да помилува некого кој е осуден по обвинение за одредена сојузна држава, да речеме Њујорк или Џорџија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми