1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се бара одговорност за Христовски - Антикорупциска на потег

ДТЗ
28 октомври 2024

Антикорупциска комисија ја проверува документацијата за новиот шеф на тајната служба, по сомнежите за неговите сертификати. Обвинителството ќе ја чека нивната одлука, пред да го разгледува случајот со Бојан Христовски

МВР
Се бара одговорност за шефот на тајната служба - Антикорупциската комиисја е на потегФотографија: P. Stojanovski

Опозицискиот СДСМ го повикува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да поднесе кривична пријава против Бојан Христовски директор за Агенцијата за национална безбедноста (АНБ), за кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик. Исто така партијата очекува од Јавното обвинителство да спроведе транспарентна истрага која „точно и непристрасно ќе утврди одговорност за скандалот“. 

„Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се заштитени мечки и одговорност мора да има. Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен“, порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. 

Повик за одговорност 

Повикот следи откако Бојан Христовски, според партијата, приложил сертификат за TOEFL од Пловдив, Бугарија, а таму воопшто нема испитен центар за TOEFL. „Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ. Тоа претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност“, велат од опозициската партија.

Викендов бугарскиот портал „Фактор“ објави дека на адресите во Пловдив, каде што новиот директор на АНБ тврди дека го добил ТОЕФЛ-сертификатот, нема такво јазично училиште. Порано таму била сместена компанијата „Julia Co.LTD“, но сега канцеларијата е затворена и работи онлајн. Во телефонски разговор лицето, кое одговорило на бројот објавен во брошурата, посочило дека компанијата не издава сертификати за ТОЕФЛ и не врши обука за добивање таков сертификат. 

Премиерот Мицкоски викендов најави дека ќе бара одговорност од директорот на АНБ, Бојан Христовски, само ако соодветна институција констатира пропусти во неговото назначување на функцијата.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Низа сомнежи 

На 16 октомври, премиерот Христијан Мицкоски, го назначи Христовски за нов директор на безбедносната служба АНБ. Оттогаш, се појавија низа сомнежи дали Христовски ги исполнува потребните законски услови и документи за да ја заземе оваа важна функција. Едно од горливите прашања е дали новиот директор на македонските тајни служби можеби презентирал лажен сертификат за англиски јазик.

Во интервју за „360 Степени“ на 24 октомври годинава, Бојан Христовски изјави дека полагал во Пловдив затоа што тоа бил најбрзиот начин да се добие меѓународно признат сертификат за познавање англиски јазик по системот TOEFL iBT, бидејќи таму имало отворен термин за полагање. 

Обвинителството ќе чека прво да се произнесе ДКСК, пред да го разгледува случајот со Бојан ХристовскиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Сите очи вперени кон Антикорупциската комисија 

Премиерот Мицкоски викендов најави дека ќе бара одговорност од директорот на АНБ, Бојан Христовски, само ако соодветна институција констатира пропусти во неговото назначување на функцијата.

„Единствен орган што треба да констатира дали тие услови се исполнети е Антикорупциската комисија која ја повикувам да го истражи брзо овој случај. На брза лента нека го стави овој случај како прв приоритет. Убеден сум дека тој ги исполнува условите. Зарем ќе дозволиме такво нешто да се случи. Документот е издаден од 2022 година, дали во меѓувреме постоела или не постоела таа Агенција, тоа е сосема друго прашање“, изјави Мицкоски во неделата (27.10). 

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на 22 октомври отвори предмет по пристигната анонимна претставка во која се оспорува законитоста на неговото именување. Oд Обвинителството за ДВ велат дека ќе ја чекаат разрешницата во Антикорупциската комисија, кај која во моментот се сите документи поврзани со случајот.

„ДКСК има приоритет во постапката. Со оглед на тоа што се работи за функционер, антикорупционерите се надлежни да ја проверуваат процедурата за негово назначување. Обвинителството веднаш по завршувањето на таа постапка во ДКСК, ќе постапи согласно своите законски овластувања“, велат од Јавното обвинителство. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми