1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСеверна Кореја

Можна испорака на оружје: Ким сака да се сретне со Путин

СН/агенции
5 септември 2023

Според американската влада, севернокорејскиот диктатор Ким и рускиот претседател Путин планираат средба, веќе месецов во Владивосток. Притоа очигледно би требало да стане збор за испорака на оружје за Москва.

Лидерите на Северна Кореја и на Русија, Ким Јонг Ун и Владимир Путин на нивната срдеба во Владивосток во април 2019 година
Лидерите на Северна Кореја и на Русија, Ким Јонг Ун и Владимир Путин на нивната срдеба во Владивосток во април 2019 годинаФотографија: Korean Central News Agency/Korea News Service/AP Photo/picture alliance

Севернокорејскиот владетел Ким Јонг Ун, според американски наводи, сака да се сретне со шефот на Кремљ Владимир Путин во Русија за да преговара за испорака на оружје за Москва. „Како што јавно предупредивме, преговорите за продажба на оружје меѓу Русија и Северна Кореја напредуваат“, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, во Вашингтон.

Ким, според Вотсон, се стреми овие разговори да продолжат и да вклучуваат дипломатски разговори на највисоко ниво во Русија. Според информациите на весникот „Њујорк Тајмс“, Ким, кој ретко патува во странство, очигледно сака да се сретне со Путин во Владивосток во септември.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во јули ја посети Северна Кореја во рамките на заложбите за поблиски односи меѓу Москва и ПјонгјангФотографија: KCNA/REUTERS

САД: Северна Кореја испорачува оружје на Русија

Белата куќа во минатата недела соопшти дека сојузниците Северна Кореја и Русија водат тајни преговори за можните испораки на муниција за војната на Москва против Украина. Според портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби, Северна Кореја, и покрај нејзините деманти, во минатата година и доставила пешадиски ракети и други проектили на Русија за користење од страна платеничката сила Вагнер. Колешката на Кирби, Вотсон, рече дека САД ја повикале Северна Кореја да ги прекине преговорите со Русија и да се придржува до ветувањето „да не испорачува оружје на Русија“.

Москва и Пјонгјанг во средината на август најавија дека ќе ја прошират соработката и оти меѓу другото потесно ќе соработуваат во областа на одбраната. Русија е една од ретките земји кои одржуваат контакт со Северна Кореја. Северна Кореја од самиот почеток ја поддржуваше руската агресорска војна во Украина. Во јули, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу отпатува во Северна Кореја за да ја одбележи 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми