1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

МПЦ и црквата на Вранишковски се обединуваат

ДТЗ /МИА
25 април 2023

Со обединувањето со ПОА треба да се финализира договорот меѓу македонската и српската црква. Целосната интеграција, според владиката Тимотеј, треба да се случи за време на Соборот на СПЦ на 14 или 15 мај.

Тимотеј
Целосната интеграција, според Тимотеј, треба да се случи за време на Соборот на СПЦ на 14 или 15 мај.Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Почна процесот на интеграција на Православна Охридска Архиепископија на Јован Вранишковски во МПЦ-ОА. Ваквата информација ја потврди митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод. 

Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА. Тимотеј вели дека се донесени неколку одлуки во однос на поделбата на епархиите, коишто ќе треба да се усогласат со СПЦ. Целосната интеграција Тимотеј очекува да се случи за време на Соборот на СПЦ, кој треба да почне на 14 - 15 мај.

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА заседаваше во полн состав, со мал исклучок на неколку архиереи, кои се во странство и еден архиереј, кој не можел да дојде, но имал свое полномошно за да се гласа доколку има потреба. 

Поделба на епархии

Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на Православната Охридска Архиепископија и нејзина интеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправно признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква.

Со обединувањето со ПОА треба да се финализира договорот меѓу македонската и српската црква.Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. Grdanoski

Порталот Религија.мк објави дека постои начелен договор со СПЦ околу тоа како да бидат интегрирани владиците на ПОА и кои епархии ќе им бидат дадени. Се очекува тоа да биде направено со прераспределба на постојните епархии на МПЦ-ОА. Јован, кој сега има титула Архиепископ Охридски и митрополит Скопски ќе ги добие на управување Демир Хисар и Крушево, заедно со Нижеполе, каде веројатно ќе биде седиштето на новата Епархија. Во првичниот договор во опција е и Ресен. Митрополитот Петар кој раководи со Преспанско – Пелагониската епархија во Топ Тема на Телма, рече дека нема договор за ова. Прашањето на барање на српскиот ариепископ Порфириј им било оставено да го решаваат, а тој е подготвен да помогне во тоа.

МПЦ-ОА во земјата и во дијаспората е организирана во 12 епархии, од кои осум се во државата.

Заокружување на процесот

По повеќе од половина век, минатата година СПЦ и додели статус на целосна независност на МПЦ-ОА по заедничка литургија во Белград. Ова следеше, откако на 9 мај на заседание на Светиот Синод на Вселенската патријаршија, предводен од вселенски патријарх Вартоломеј се донесе одлука за отстранување на повеќедецениската шизма наложена врз древната Охридска архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значеше дека Вселенската патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа. Тогаш се остави на СПЦ да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и МПЦ во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.

На минатогодишниот собор на СПЦ беше одобрено канонското единство со МПЦ-ОА, со што беше решен спорот, кој датира од 1967 година кога МПЦ се одвои од СПЦ.

На 5 јуни минатата година СПЦ го официјализираше прифаќањето на автокефалноста на МПЦ-ОА. Српскиот патријарх Порфириј му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА Стефан, со кој се потврдува одлуката на СПЦ, која беше објавена на 24 мај по сослужувањето на заедничка литургија во Скопје, со која Српската црква ја одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми