За време на локдаунот, во Германија владееше јагма за вдомување и купување кучиња и мачки. Но, на многу сопственици им здодеале животните или тие станале прескапи. Сега прифатилиштата се полни.
Засолништата за кучиња се полниФотографија: Victor Weitz/DW
Реклама
Германското здружение за заштита на животните е загрижено за судбината на домашните миленици кои повеќе не можат да бидат згрижени во прифатилиштата, коишто се преполни.
„Мора да има друг начин сопствениците да се ослободат од своите животни“, изјави за РНД, Томас Шредер, претседател на Здружението на здруженија за заштита на животните.
За време на периодот на локдаунот во пандемијата, интересот за четириножни „пријатели“ експлодираше во Германија. Но, се случи она од што се плашеа многу борци за заштита на животните - луѓето сакаа животни како играчка, да им прават друштво во четири ѕида, но сега им е доста.
„Лудилото за милениците што го доживеавме за време на периодот на корона во полн замав ги покажува своите последици“, вели Шредер. Секој ден има се повеќе луѓе кои сакаат да се ослободат од животните“.
Реклама
Преполни засолништа
Здружението за заштита на животните не знае за засолништа во Германија „кои моментално не се полни или во кои не се сместени повеќе животни отколку што предвидува капацитетот“, рече Шредер.
На пример, засолништето за животни во Сидерштрасе во Хамбург неодамна престана да прима кучиња и мачки, дури и оние кои се пронајдени на улица или запленети од ветеринарната служба.
Полни се капацитетите и во Берлин, истото е и во Лајпциг. Во Минхен нема формална суспензија за прифаќање животни, но има листа на чекање, изјави Ева-Марија Насер, управител на тамошното засолниште. Сопствениците кои сакаат да ги предадат своите животни понекогаш чекаат со месеци.
Прифатилиште за мачкиФотографија: Rami al Sayed/AFP
Портпаролот на Сојузното Министерство за земјоделство изјави за РНД дека работата на прифатилиштето е неопходна за заштита на животните. „Иако федералната влада нема финансиски обврски, таа обезбеди финансиска помош за ублажување на трошоците настанати поради короната или сместување на животни од Украина“.
Според претходните планови на Владата, треба да се размислува за формирање на фондација за понатамошна поддршка на прифатилиштата за животни.
Скапи ветеринарни услуги
Сепак, не само животните купени за време на пандемијата завршуваат во засолништа. Очигледно е дека многу сопственици се откажуваат од своите животни од финансиски причини.
Од стапувањето на сила на новите цени за ветеринарните услуги во ноември, многу третмани и зафати во клиниките за животни станаа значително поскапи.
„Во областа Штутгарт повеќе не можете да стерилизирате мачка за помалку од двесте евра. Кога станува збор за женско куче, пресметките се околу илјада евра“, вели Урсула Герике, шеф на засолништето за животни во Лудвигсбург.
Во многу случаи единствено решение е засолниште, посочува таа. За многу хронично болни животни тоа е последната станица.
Како коронавирусот го промени животот
Пандемијата на коронавирусот го промени од корен начинот на живот на каков што луѓето беа навикнати.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Ставете маска
И покрај тоа што македонските здравствени власти постојано предупредуваат дека носењето маска е важно за превенција од пандемијата на коронавирус, дел од луѓето сѐ уште се противат на носење маски. За неносење маски казната за граѓаните е 20 евра, за правните лица – 2000 евра. Затоа влезовите на продавниците од почетокот на пандемијата се „украсени“ и со вакви предупредувања.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Рестрикции и на отворено
Во С. Македонија маски мора да се носат и на отворено, а забрането е и групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица по 21 часот. Не се групирајте, е апел кој постојано се повторува од страна на надлежните. Резултатите се половични – покрај дисцплинираните, сѐ уште има луѓе кои се групираат и не преземаат превентивни мерки. Оваа празна клупа трпеливо чека на крај на пандемијата и рестрикциите.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Здравствена криза, економска криза
Угостителските објекти работат со ограничено работно време – само до 21 часот. Исклучок се оние со сервис за испорака. Празните ресторани и кафулиња ја отсликуваат новата реалност што ја создаде пандемијата на Ковид-19. Многу фирми, посебно малите, се плашат од пропаѓање. Ќе им бидат ли доволни средствата за помош од државата?
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Каде се другарите?
Околу 90% од учениците следат онлајн-настава, а без проблеми се одвива и наставата со физичко присуство, тврди министерката за образование Мила Царовска. Пандемијата ја забрза дигитализацијата на образованието. Но, привремено го запре нормалниот детски живот. Како актуелното намалување на социјалните контакти влијае врз детскиот развој ќе биде веројатно предмет на многу истражувања во иднина.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Помала осаменост со домашно милениче
Домашните миленици, во време на затворање дома, можат да бидат добар чувар од психолошкиот стрес што со себе го носи пандемијата. Според студија на универзитетите Јорк и Линколн, 90% од испитаниците сметаат дека домашното милениче им помогнало во емоционалното справување со „локдаунот“, а дури 96% се уверени дека со помош на домашното милениче останале во добра физичка кондиција.
Фотографија: Aleksandra Najdovska/DW
Сѐ за здравје
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, во пораст е побарувачката по витамини и сѐ што може да придонесе за зајакнување на имунитетот. Конзумирањето суплементи стана секојдневна рутина на многумина. Притоа, голем дел од она што го препорачуваат лекарите, не го покрива Здравствениот фонд, туку е приватен трошок. Лекувањето чини пари, превенцијата исто така. Но, сѐ за здравје!