1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Стил на животГерманија

На некои Германци им ги заковуваат ушите?

00:45

This browser does not support the video element.

Клаудија Вирцбург
14 март 2025

Германските столари често носат обетки, но нема да верувате како се направени дупките! А со тоа почнува необичната стара традиција на занаетчиите - неколкугодишно патување како чирак низ земјата.

Свен ги заврши своите калфински години 

Одењето на неколкугодишно патување како чирак е долгогодишна традиција во Франција, Скандинавија, Германија и земјите од германско говорно подрачје.

Заковувањето обично се случува во гостилница, ресторан или паб каде калфите се собираат пред да ги започнат калфинските години, а калфата што треба да замине на пат се повикува на шанкот или масата и се бара да ја стави ушната школка на неа. И, со силен удар, со клинец се пробива низ увото.
И што се случува потоа?
Групата пее песни и го прашува лицето што е заковано за масата или барот што нуди за повторно да се ослободи.
Откако ќе заврши процедурата, клинецот се заменува со дезинфицирана обетка и закованиот калфа е ослободен.