1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

На Украина и се заканува губење на американската помош

СН/агенции
5 декември 2023

Финансиската помош на САД за Украина е речиси потрошена. Конгресот треба да одобри нови средства - но таму има отпор. Белата куќа реагира со итен апел до Претставничкиот дом.

Администрацијата на Бајден се надева дека ќе достави нова воена помош за Украина
Администрацијата на Бајден се надева дека ќе достави нова воена помош за УкраинаФотографија: Ozge Elif Kizil/AA/picture alliance

Директорката за канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг во писмо до претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Мајк Џонсон и лидерите на Конгресот, предупреди дека на САД им снемува време и пари да ѝ помогнат на Украина во војната со Русија.

Во октомври, администрацијата на претседателот Џо Бајден побара од Конгресот речиси 106 милијарди долари за финансирање на амбициозните планови наменети за Украина, Израел и за безбедност на американската граница.

Претставничкиот дом е контролиран од републиканци кои имаат тесно мнозинство и сметаат дека финансирањето на Украина станало политички контроверзно.

Во писмото објавено од Белата куќа, Јанг истакна дека прекинот на финансирањето и испраќањето оружје за Украина може да ја зголеми веројатноста за руска победа.

На првата линија на украинската контраофанзива

01:44

This browser does not support the video element.

„Сакам да бидам јасна: без акција на Конгресот, до крајот на годината, ќе снемаме ресурси за да набавиме поголема количина оружје и опрема за Украина, како и за набавка на опрема од залихите на американската војска“, напиша таа.

„Нема магичен фонд со средства на располагање во моментов. Останавме без пари и речиси без време“, наведе таа.

До средината на ноември, американското Министерство за одбрана искористи 97 отсто од дополнителните 62,3 милијарди долари што ги доби, а Стејт департментот ги искористи сите 4,7 милијарди долари од фондот за воена помош што му беше доделен, напиша Јанг.

За економска помош се потрошени околу 27,2 милијарди долари, а за хуманитарна помош уште десет милијарди долари.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми