1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаРусија

Путиновите винари наздравуваат и покрај санкциите

Еуген Тајзе
8 јули 2023

Добавувачите на вино на Кремљ страдаат поради санкциите на ЕУ. Но, „дворските винари“ на Владимир Путин се обидуваат да увезат тапи и шишиња од Европа во Русија по заобиколни патишта, покажува истражувањето на ДВ

На една церемонија за доделување награди во Кремљ во февруари 2020 година, Путин сè уште уживаше во француски шампањ
На една церемонија за доделување награди во Кремљ во февруари 2020 година, Путин сè уште уживаше во француски шампањФотографија: Maksim Blinov/Sputnik/dpa/picture alliance

Морското ветре, силното сонце и топлата клима, ги направија ридовите на Црното Море омилена дестинација за богатите Руси. Во живописниот пејсаж со панорамски поглед во близина на Геленџик се наоѓа и „Путиновата палата”.

Рускиот опозициски активист Алексеј Навални кој по труењето и враќањето од лекување во Германија, се наоѓа во руски затвор, во една од неговите истражувачки стории глобално ги прослави палатата и имотот. Во изминатите неколку децении на овие простори се отвораат една винарија по друга за мултимилионери и милијардери од непосредната близина на Кремљ. Таквото „хоби” воедно е и статусен симбол.

„Од сѐ што видов таму ме интересираше само едно нешто - винарството”, рече Владимир Путин во 2021 во една програма со студенти. Тој воедно нагласи дека нема никаква врска со таа „Палата”.

Но, во емисијата призна дека го импресионирал имотот на познатата руска винарија „Абрау Дурсо”. Главен акционер е неговиот долгогодишен пријател и советник Борис Титов кој е омбудсман за руската агрономија.

„Путининовата палата“ во близина на Геленџик (фотографија од истражувачка публикација на Алексеј Навални)Фотографија: Dmitry Schewtchenko

Само најдоброто од Европа

За Титов ништо не е прескапо кога е во прашање винаријата која ја води неговиот син Павел. Според царинските податоци на ИмпортГениус, водечки светски информативен сервис за увозно-извозната бранша, за споменатата винарија се набавува само најдоброто од цела Европа. Расадот и опремата потекнуваат од најдобрите добавувачи од Италија. Дизајнерските шишиња се од француската компанија „Саверглас”. Според пишувањата, на Путин омилен бренд му е суво црвено вино „Усадба Дивноморское”. Како што потврдуваат фотографии од менито објавени во медиумите, на приемите од последните години со ова вино биле послужувани високи државни гости како Александар Лукашенко и Ши Џинпинг.

Грозјето за Мерло како што дознал Навални, расте во непосредна близина на „Путиновата палата” кај Геленџик. Први лозја насадиле сопстевниците на имотот „Абрау Дурсо”. Во 2019 „Лазурнају јагоду”, сестринска фирма на „Абрау Дурсо”, која е сопстевник на винаријата и лозјата, ја презел Генади Тимченко, олигарх од потесниот круг на Путин. Удел има и Владимир Колбин, кои медиумите го идентификуваат како син на Путинов пријател од детството.

Консултантски услуги од Италија

Влијателните и богати сопственици не штедат на производството на виното. Го ангажирале италијаснкиот енолог Матео Колети за да го надгледува процесот. Владимир Путин во 2021 му даде и руско државјанство. И покрај санкциите заради руската војна против Украина, специјалистот од Италија продилжува да работи во Русија, но сега и тој се соочува со проблеми.

На приемите во Кремљ руското вино се служи во италијански дизајнерски шишиња на брендот „Ветри Спечијали”. Но, од полетокот на руската агресија во Украина компанијата не соработува со руските винари.

Лозја во близина на Геленџик (скриншот од Google Earth)Фотографија: Google Maxar Technologies Landsat/Copernicus

„Фактички сите економски и финансиски трансакции со Русија се сопрени, ние веќе не испорачуваме свои производи во Русија, дури ни во винаријата „Усадба Дивноморское'", за ДВ тврдат од седиштето на компанијата Ветри спечијали.

Со што да се затнат шишињата?

Шишињата не се единствениот проблем за винарите од Кремљ. Од летото минатата година забранета е и испораката на тапи од ЕУ во Русија. „Во нашето производство користиме тапи од најдобрата класа А. За нивната изработка прво се собира кората од плута на даб стар најмалку 52 години, а потоа сс сортира по квалитет”, пишаа на Инстаграм нешто пред нападот на Русија врз Украина производителите од винаријата „Усадба Дивноморское". Шишињата се затвораат „само со најдобрите тапи на водечки добавувачи”, се вели во објавата. Единствениот проблем сега е што сите водечки добавувачи се од ЕУ. “Од почетокот на војната во Украина нашата компанија во целост прекина да извезува во Русија и ги прекина и сите вложувања во земјата”, вели за ДВ “Кортичеира Аморим”, водечки светски производител на тапи и предмети од дабова плута. Во Португалија се одвува 70 процентинод светското производство на плута од даб, а потоа следи Шпанија со речиси 10 проценти удел.

Но, податоците од царина покажуваат дека и „Абрау Дурсо” и „Усадба Дивноморское” користат тапи од компанијата „Кортичеира Аморим”. За производители на вино кои сакаат да припаѓаат на премиум категорија приридната плута е битна карактеристика, објаснува за ДВ Уц Графман, издавач на познатата германска платформа за вино Вајн.Плус.

„Тоа е традиција. Технички тапата можете да ја замените со синтетичка или со чеп на навој. Но, производителите често не може да се одлучат натаков чекор бидејќи им е страв дека виното ќе биде окарактеризирано како ефтино”, вели стручњакот.

Освен тоа, природната тапа е незаменлива ако виното по зреењето во буре треба да продолжи да зрее и во шишето. Природната висококвалитетна тапа обезбедува ограничен, но постојан дотур на кислород во шишето.

Од Алгарве до целиот свет: наредена португалска кора од плута во МончикеФотографија: C. Kaiser/blickwinkel/picture alliance

По заобиколен пат преку Турција

Според царинските податоци кои се однесуваат на ИмпортГениус од јули 2022 година кога стапи на сила ембаргото на ЕУ, „Абрау Дурсо” продолжил да увезува тапи од португалската компанија „Кортичериа Аморим”, но преку Турција преку турската лигистичка компанија „Меплине Лојистик” која испорачува роба од Истанбул.

За 2023 година сѐ уште нема податоци за работата, а компанијата „Абрау Дурсо" не одговара на прашањата дали санкциите и натаму се заобиколуваат преку Турција. Не беше возможно да се оствари контакт ниту со „Усадба Дивноморское” затоа што нивната интернет страница ги содржи само броевите на компанијата „Абрау Дурсо”.

Па така ДВ не можеше да дознае како винарите од Кремљ сакаат да ги решат своите проблеми предизвикани од санкциите на ЕУ и дали тие веќе влијаат на квалитетот на нивните вина.

Од португалската компанија „Кортичеира Аморим” пак тврдат дека не знаат ништо за испораките во Русија преку Турција. „Ги известувме нашите поранешни купувачи во Русија дека веќе не сакаме да испорачуваме тапи заради руската инвазија на Украина”, велат од компанијата.

Што се однесува до контролата на ланецот на снабдување, ќе бидат разгледани дополнителни контроли како би се ублажил ризикот да се заобиколуваат санкциите на ЕУ со оглед на информациите за испорака преку Турција.

Во случаите на кршење на санкциите добавувачите се соочуваат со казни до 10 илјади евра. Европската комисија минатата година предложи минималната парична казна да се подигне на пет проценти од годишниот промет на компанијата и заобиколувањето на санкциите да се прогласи за казнив прекршок.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми