1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиУкраина

Залужни разрешен: Прилагодување на новите околности

СН/агенции
9 февруари 2024

Претседателот Зеленски долго време имаше доверба во првиот човек на украинската војска Залужни. Но, под притисок на руската агресија, внатрешните судири во украинското раководство се зголемија, а тоа сега има последици.

Односите меѓу Залужни (десно) и Зеленски (во средината) се сметаа за затегнати по неуспехот на контраофанзивата на Украина во 2023 година
Односите меѓу Залужни (десно) и Зеленски (во средината) се сметаа за затегнати по неуспехот на контраофанзивата на Украина во 2023 годинаФотографија: Ukrainian Presidentia/ZUMA//IMAGO

Речиси две години по почетокот на руската агресорска против Украина, главниот командант на украинските вооружени сили Валери Залужни е разрешен од функцијата. 

Тој во првичното обраќање по неговото разрешување на својот профил на Телеграм напиша дека имал „важна и сериозна“ средба со Володимир Зеленски, претседателот на Украина.

„ Донесовме одлука да го смениме пристапот и стратегијата“, напиша Залужни на Телеграм.

Тој накратко се осврна на почетокот на војната и посочи дека „битката се менува од ден на ден“ како и нивните задачи.

„Задачите од 2022 година се разликуваат од задачите од 2024 година. Затоа, секој мора да се менува и да се прилагоди на новите реалности. За заедно да победиме“, наведе тој.

Тој додаде дека е благодарен на целиот тим и на претседателот на Украина, Володимир Зеленски. На крајот заклучи дека е сигурен во победата на Украина.

Сирски го менува Залужни

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера (9 февруари, 2024) го разреши врховниот командант Валери Залужни и на негово место го назначи генералот Олександр Сирски.

Најавата за смената уследи по повеќе извештаи на украинските и странските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори во владата, дека Зеленски планира да го разреши армискиот командант.

Залужни беше врховен командант од јули 2021 година. Извештаите за првпат се појавија во ноември 2023 година за несогласувања меѓу Зеленски и Залужни.

Наводното несогласување меѓу двајцата привлече зголемено внимание по интервјуто на командантот за воената состојба со Економист на 1 ноември, во кое тој рече дека Украина е во опасност да биде заробена во долготрајна војна.

Зеленски рече дека не се согласува со ова мислење за време на брифингот на 4 ноември.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми