1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Вируси на четката за заби

Метју Ворд Агуис
2 ноември 2024

Ние не ги гледаме, но тие убаво живеат и во нашата бања: научниците таму откриле над 600 различни вируси. Нема потреба од паника, бидејќи велат дека нема ништо лошо во тоа.

четка за заби
И четката за заби е вистинска метропола на микроорганизми, но повеќето од нив се ваши. Но, затоа не е добра идеја да користите туѓа четкаФотографија: halfpoint/Pond5 Images/IMAGO

Туширањето со топла вода не го сакаат само луѓето, туку и вирусите. Неодамна беше објавена студија во стручното списание „Граници во микробиомите“ (Frontiers in Microbiome)“, според која, на пример, цела метропола на вируси живее во нашиот туш.

И не само таму. Површините во бањата се покриени со биолошки слој во кој сè врие од живот. Тим научници од Европа и САД открија над 600 видови вируси на тушот или на четката за заби.

Изгледа убаво и чисто, но тушот е вистинска џунгла од микроорганизми. И подобро оставете ги на мираФотографија: Lars Fröhlich/FUNKE/IMAGO

Тајниот живот во бањата

Ерика Хартман од Универзитетот Нортвестерн во САД го предводеше микробиолошкото истражување во проектот. Таа, исто така, смета дека е неверојатно што се е пронајдено, пред сè вируси за кои малку се знае или кои луѓето досега не ги виделе: „Неверојатно е колку неискористена биолошка разновидност е присутна околу нас - токму пред нашиот нос“.

Статистички, повеќето луѓе во САД поминуваат две третини од својот живот во куќа или стан. Затоа научниците мислат дека е добро луѓето да знаат што се живее со нив.

Во анализата, научниците користеа податоци од претходно истражување во кое беа собрани примероци од домаќинствата. Утврдено е дека составот на микробите зависи од местото каде што е земен примерокот. Разновидноста на организмите била толку голема што ниту една заедница на микросуштества на тушот не била слична со другите. Истото важи и за четките за заби.

Зошто вирусите на четката се добри?

Постојат бројни вируси на кои им е потребен друг организам како домаќин на кој потоа му нанесуваат штета. Ваквите вируси предизвикуваат разни болести кај животните и кај луѓето. Но, истражувањата покажаа дека не сите вируси се однесуваат на овој начин. Тие населуваат сосема различни средини и формираат сложени заедници. Не се сите вируси штетни - напротив, некои можат да ѝ послужат на науката.

 

Туширањето со топла вода не го сакаат само луѓето, туку и вируситеФотографија: Pond5 Images/IMAGO

Најголемиот број на вируси идентификувани од истражувачите припаѓаат на таканаречениот вид на бактериофаг или само фаги. Тие не се опасни за луѓето, но ги напаѓаат бактериите. Имајќи предвид дека отпорноста на бактериите кон антибиотиците во принцип се зголемува, организмите како што се бактериофагите би можеле да се користат за лекување на бактериски инфекции.

Но, тие би можеле да послужат и како средства за чистење. Хартман предупредува дека интензивната употреба на хемиски средства за чистење ја зголемува можноста бактериите да станат отпорни на нив. „Треба да се прифатат. Микробите се насекаде и огромното мнозинство од нив не нè разболуваат“.

Голема разлика помеѓу бактерии и вируси

Животот букнува во влажна средина. Не е случајно што научниците, барајќи живот во вселената, прво бараат вода. Влажните површини во бањата не се само живеалишта за вируси, туку и за бактерии и габи, дури и за алги и други едноклеточни организми.

Овој тим на научници претходно се занимавал со оваа тема: тие се обидувале да утврдат дали по користењето на казанчето во тоалетот, бактериите се шират пошироко во форма на аеросол, а потоа и на четката за заби. Но, утврдено е дека најголемиот број бактерии на четката за заби потекнуваат од корисникот, односно живеат во неговата усна шуплина и организам.

Веднаш штом ќе слушнат „вирус“, многу луѓе веднаш се фаќаат за средство за чистење за да ги уништат. Прво - тоа е невозможно, и второ - некои вируси се корисниФотографија: Channel Partners/Zoonar/picture alliance

Студијата од 2018 година во Соединетите Држави открила поврзаност помеѓу почестите бактериски пневмонии и местата каде што одредени видови бактерии се населуваат на тушот. Ова истражување точно утврди како бактериофагните вируси во бањата ги напаѓаат ваквите штетни бактерии.

„Можно е да се отстранат овие агенси кои предизвикуваат болести од санитарниот систем со насочена употреба на бактериофаги “, смета Хартман. Таа додава дека нејзиниот тим на научници сè уште ги истражува сите функции на вирусите со цел да утврди каде тие би можеле да бидат пријатели и сојузници на човекот.

Примарни извори:

Stefanie Huttelmair, Weitao Shuai, Jack T. Sumner, Erica M. Hartmann (2024). Phage communities in household-related biofilms correlate with bacterial hosts. Frontiers in Microbiomes.  

Дополнителни извори:

Matthew J. Gebert et al (2018).Ecological Analyses of Mycobacteria in Showerhead Biofilms and Their Relevance to Human Health . mBio. 

Ryan A. Blaustein et al (2021). Toothbrush microbiomes feature a meeting ground for human oral and environmental microbiota. Microbiome. 

 

Роботите готват без вируси и бактерии

01:46

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми